fbpx

Чулев: Пасоши ќе добијат граѓаните кои закажале по итна постапка и за здравствени цели

-

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на прес-конференција информираше дека МВР располага само со уште 3.600 до 3.700 обрасци за патни исправи. Пасоши ќе добијат околу 650 лица кои што аплицирале за добивање на патна исправа по итна постапка, а останатите ќе се чуваат за приоритетни медицински случаи.

Чулев информираше дека досега во МВР пристигнале околу 16.000 апликации за добивање патни исправи по редовна постапка, кои нема да може да бидат спроведени додека не дојдат новите обрасци, кои се очекува да пристигнат следниот месец. Оттука, системот за закажување термини за пасош нема да биде во функција. МВР очекува во март да добие 100.000 обрасци за патни исправи.

Според Чулев, германската компанија „Веридос“ од нас барала нарачката да биде направена шест месеци претходно до денот на доставување.

„За личните карти и возачките дозволи недостиг е надминат со натчовечки напори и ургенции до „Веридос“, но проблемот со патни исправи останува да постои и понатаму како резултат на лошо планирање, пропусти во работењето и несовесно работење и доцнење со нарачката на патните исправи,“ додаде Чулев.

Тој потенцираше и дека во саботата контактирал и со германската амбасада, а предложил и заклучоци до Владата да изнајде начин за надминување на состојбата. Чулев нагласи дека разговарал и со техничкиот премиер Оливер Спасовски кој лично интервенирал до германските власти за надминување на проблемот.Бидејќи се работи за државен проблем кој ги надминува можностите на МВР, повторно денеска од Владата ќе побара да го адресира проблемот за да се надмине.

„Во текот на денешниот ден повторно ќе направиме обиди за решавање на проблемот, а во МВР веќе сме при крај за утврдување методологија. Приоритет ќе имаат сите оние случаи каде е неопходно издавање пасоши заради здравствени причини,“ рече Чулев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...