fbpx

Не е само Македонија, и во Германија фалат стотици илјади места во градинките

Иако понудата на места во градинките расте, потребите за згрижување на децата постојано се зголемуваат и сегашната ситуација е неодржлива, се наведува во извештајот на фондацијата Бертелсман

-

Иако во Македонија многумина се жалат на недостигот на места за запишување на деца во градинките, особено во Скопје, оваа негативна состојба не е присутна само кај нас. И покрај законската обврска, во Германија недостигаат 430.000 места во градинките, покажало истражување што го пренесува германската новинска агенција ДПА.

Иако понудата на места во градинките расте, потребите за згрижување на децата постојано се зголемуваат и сегашната ситуација е неодржлива, се наведува во извештајот на фондацијата Бертелсман.

Во извештајот кој денеска беше презентиран се говори за криза во градинките и се повикува на преземање краткорочни и долгорочни мерки.

Во покраините од западниот дел на Германија недостигаат 385.000 места за да се покрие постојната побарувачка за сместување на децата. Во источниот дел на земјата недостигаат 44.700 места во градинките.

Од 2013 година, децата во Германија по првиот роденден имаат законско право на сместување во градинка, а истото право важи за децата повозрасни од три години со закон од 1996 година.

И покрај ова, бројот на родители кои бараат место во градинка за своите деца, особено за оние најмладите, постојано расте. Особено се чувствува недостаток на капацитети во јаслите.

И недостатокот на персонал кој работи во градинките во Германија е сериозен. Посериозни подобрувања на состојбата може да се очекуваат дури до 2030 година, иако на родителите им се неопходни итни и одлучни мерки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...