fbpx

Иницирана постапка за смена на бразилската претседателка

-

Парламентарната комисија на Долниот дом на бразилскиот парламент се изјасни за поведување постапка за смена на претседателката на Бразил, Дилма Русеф, поради манипулирање со владините сметки за да прикрие дефицит.

Против претседателката, еден ден претходно се изјаснија 38 од 65 членови на комисијата.

Ако две третини од 513 членови на Долниот дом на парламентот го поддржат повикот, конечната одлука би требало да ја донесе Сенатот.

Опозицијата побара смена на Русеф, тврдејќи дека нејзината влада наводно манипулирала со сметките од 2014 година за да го прикрие буџетскиот дефицит.

Извештајот на специјалната комисија би требало в петок да им биде доставен на пратениците, а новото гласање би можело да се очекува в недела или понеделник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...