fbpx

До Велигден, Грција ќе ги релоцира бегалците од Идомени

-

Нова осуда за инцидентите на Идомени дојде од потпаролот на грчката влада, Олга Геровасили, која ја критикуваше македонската влада дека довела во ризик група на очајни бегалци, меѓу кои и многу деца.

– Наш итен приоритет е празнењето на Идомени. Владата истакнува дека инцидентите, како тие завчера од безбедносните сили на БЈРМ кон очајните бегалци и мигранти, меѓу кои има и мали деца, претставуваат сериозен ризик – истакна Геровасили на денешниот брифинг со новинарите.

Геровасили истакна дека грчките власти континуирано ги информираат бегалците дека балканската рута е затворена. Најави дека целта на грчката влада е до или кусо по Велигден сите бегалци од Идомени да бидат преместени во бегалските центри низ земјата.

Денеска од Идомени заминаа три-четири автобуси со бегалци во бегалските центри низ Грција.

Владината потпаролка истакна дека полека се одвива и процесот на разгледување на барањата за азил, најавувајќи дека првите резултати ќе бидат познати за околу 15 дена, кога ќе може да почне и вториот дел од договорот, односно испраќање на бегалците во европските земји кои ќе им одобрат азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...