fbpx

В четврток протест на невладините организации за одложување на изборите

-

Шеесет и шест невладини организации в четврток, во 18 часот, пред Собранието на Република Македонија ќе организираат протест, со кој ќе му порачаат на претседателот на Собранието и на целото Собрание да не се распишуваат избори додека не се исполнат условите за тоа.

„Не постојат услови за организирање регуларни, веродостојни и фер избори на 5 јуни ниту, пак, постои време до тој рок да се создадат неопходните услови. Избирачкиот список не е прочистен, не запираат заплашувањата, уцените и притисоците врз граѓаните, функционерите не престануваат со злоупотреба на институциите во интерес на партијата, а медиумите се далеку од правично известување“, велат од граѓанските организации.

Наместо повеќе демократија, владеење на право и појасна поделба на власта, од граѓанскиот сектор велат дека има уназадување на овие процеси преку еднострана и неуставна одлука за одложено распуштање на Собранието, скандалозен чин на овозможување помилување за изборни измами од Уставниот суд и контраверзни одлуки на Кривичниот и на Апелацискиот суд во врска со истрагите на Специјалното јавно обвинителство.

„Македонија ризикува да влезе во нова, поопасна антидемократска провалија, при која повторно ќе се фалсификува и силува нашата политичка волја. Поради тоа, избори на 5 јуни не смее да се распишат, ниту да се одржат. Собранието на Република Македонија на чело со неговиот претседател треба веднаш да ја увиди оваа ризична состојба во која се наоѓа државата, итно да се состане и да ги одложи изборите сè до исполнување на минимум неопходни услови за тие да бидат регуларни, чисти и фер. Во спротивно, ако тоа не се случи, не останува ништо друго освен активно да ги бојкотираме криминалните, наместени и однапред украдени избори“, категорични се од граѓанскиот сектор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...