fbpx

И денеска само пеш во Грција, продолжува блокадата на граничните премини

-

Граничните премини „Ники“ кај Меџитлија и „Дојрани“ кај Стар Дојран и денеска остануваат затворени за сообраќај на сите видови возила, поради штрајкот на грчките цариници. Овие премини, како што информираат од Авто-мото сојузот на Македонија, можат да се поминат само пеш.

Блокадата која започна во петокот, ќе трае до утре изутрина.

„Граничниот премин ‘Ники’ кај Меџитлија е затворен од 7.30 часот на 20 мај до 8 часот наутро на 23 мај. И граничниот премин кај Стар Дојран ќе биде затворен до 6 часот наутро на 23 мај. Возила ќе се пропуштаат во исклучителни ситуации, а границата ќе може да се мине само пеш“, информираат од АМСМ.

На граничниот премин „Евзони“, поради штрајкот, сообраќајот за влез и излез се одвива со прекини, односно на секои два часа се пропуштаат возила во период од 15 минути.

Од АМСМ соопштуваат дека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...