fbpx

Хојт Ји од денеска во посета на Македонија

-

Денеска во Македонија доаѓа заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Азија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји.

Засега не се знае неговата агенда и со кого сè ќе се сретне. Тој доаѓа во време на сериозна политичка криза, закажани избори на 5 јуни на кои ќе учествува само ВМРО-ДПМНЕ и засега неуспешни обиди да се најде начин за промена на датумот на изборите и за повлекувањето на аболиција од претседателот Ѓорге Иванов.

Последен пат Ји во Македонија беше во март годинава, кога разговараше за спроведувањето на Договорот од Пржино.

Тогаш тој порача дека одблиску ги следат подготовките за изборите, состојбата во медиумите, одвојувањето на партијата од државата и работата на Специјалното јавно обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...