Сончево и потопло време

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 18 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 22 Целзиусови степени.