fbpx

Хан в четврток во Скопје – средби со политичките лидери на маргините на посетата

-

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во четврток ќе допатува во Македонија, потврдија денеска од Европската комисија.

Ова е прва посета на еврокомесарот по предвремените парламентарни избори, одржани на 11 декември и е во период кога се прават нови обиди за формирање влада, откако ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го искористи мандатот. Сепак, Хан официјално доаѓа за да учествува на министерскиот состанок посветен на енергетиката во рамки на процесот „Шест западно­балкански држави“.

„На агендата на комесарот Хан е да дојде во Скопје во четврток. Тој ќе учествува на министерскиот состанок на министрите за надворешни работи и за енергетика (економија) во рамки на процесот ‘Шест западно-балкански земји’. А на маргините на овој состанок, тој ќе има билатерални средби со сите засегнати страни во земјата“, соопштија од кабинетот на еврокомесарот.

Хан со лидерите на политичките партии ќе разговара за постизборните случувања во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...