fbpx

Хан: Специјалниот обвинител да се остави да си ја врши работата

-

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика Јоханес Хан, денеска на седницата на Националниот совет за евроинтеграции го поздрави иплементирањето на Договорот од Пржино.

– Ја следев работата на работните групи и се радувам на враќањето на опозицијата во Собранието и во институциите, како и на изгласувањето на Законот за специјален обвинител – рече Хан на Националниот совет за евроинтеграции по повод Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД).

Според еврокомесарот, ХЛАД не треба да биде само прашање на Владата, туку и на сите четири поголеми политички партии и на цивилното општество. Тој напомена дека на ова тело ќе се разговара и за владеењето на правото.

– Признавам дека Македонија има голем број спроведени реформи, но преостануваат тешките. Изразивме грижа за независното судство. Вашите судии се обучени, но треба да бидат оставени да си ја вршат работата. Се надевам дека специјалниот обвинител ќе може да си ја врши својата работа. Неопходно е институциите да бидат одвоени од политиката, како што тоа е случај со народниот правобранител, една од најстарите институции во регионот – изјави Хан.

Според него, на пленарната седница за ХЛАД ќе биде разговарано и за слободата на медиумите, за независноста на администрацијата, која треба да биде оттргната од политичкиот и од партискиот притисок, како и за спроведување на јавните набавки, буџетскиот дефицит и за невработениста.

Хан исткна дека особено ќе се обрне внимание на имплементацијата на изборните реформи, кои треба да бидат спроведени до изборите во април.

– Европската унија и меѓународната заедница позначајно ќе ги следи изборите – рече Хан, кој го поздрави Охридскиот договор и изрази надеж дека Европската комисија во својот извештај ќе изрази позитивни нешта.

Претседателката на националниот совет, Лидија Димова, на отворањето на дебатата истакна „го изедовме стапот, време е за морковот“.

Димова, зборувајќи за бегалската криза, рече дека таа придонела за прближување и за затоплување на односите меѓу македонската и грчката полиција.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, истакна дека не очекуваат само препорака од Европската комисија, туку и датум за почеток на преговори. Според него, неправењето на следниот чекор ќе значи дополнително зголемување на нервозата, а тоа создава политички и општествени проблеми.

– Македонија, секогаш кога е поставена во улога на партнер, ги исполнува обврските, а кога е заборавена, влегува во проблеми за кои потоа е потребно многу повеќе енергија за да се решат – рече Димовски, додавајќи дека во Собранието месецов има повеќе дебати, повеќе препирки, но е комплетен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...