fbpx

Хан предупреди на ризик од дестабилизација на регионот, со импакт и врз ЕУ

-

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се огласи на „Твитер“ по неуспехот на лидерите на ЕУ да донесат јасна и суштинска одлука, како што ветија во јуни, за стартот на преговори со Македонија и Албанија.

„ЕУ лидерите не успеаја да ги исполнат своите заложби за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија на Европскиот Совет. Ова претставува екстремно разочарување. Земјите членки на ЕУ сега треба да се изјаснат за тоа колку е сериозна нивната заложба кон ЕУ интеграцијата на Западниот Балкан“, напиша еврокомесарот Јоханес Хан на неговиот твитер-профил.

Тој додаде дека ова не е момент со кој може да се гордее ЕУ и предупреди дека да се одбие признанието на докажан напредок ќе има негативни последици, вклучително и ризикот од дестабилизација со целосен импакт врз ЕУ.


Слична порака упати и македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

Најмалку што Европската Унија му должи на регионот е да биде јасна кон нас. Ако не постои веќе консензус за европската иднина на Западниот Балкан, ако ветувањето од Солун во 2003 повеќе не важи, граѓаните заслужуваат да знаат, напиша Димитров.

Како што претходно јави „360 степени“, Макрон по притисокот од колегите, го напуштил состанокот на Европскиот Совет.

Прес-конференцијата на Доналд Туск, претседателот на Европскиот Совет и Жан Клод Јункер, претседател на Европската Комисија (во заминување), која требаше да почне во 12.30 часот, за да ги соопштат одлуките што се донесени, уште не е почната.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...