fbpx

Груевски: На Македонија ѝ се потребни избори за добивање стабилна влада

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со известителите на Комисијата за почитување на обврските и на заложбите на земјите-членки на Советот на Европа.

Како што соопштуваат од партијата, на средбата било разговарано за актуелната политичка состојба, начините и за мерките што се преземаат за нејзино надминување, како и за интеграциските процеси важни за државата.

Груевски посочил дека изборите на 24 април се неопходни за надминување на наметната политичка криза, преку еден демократски процес во кој граѓаните, во согласност со својата волја, ќе одлучат за иднината на државата.

Тој истакнал дека еден од најзначајните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ е тие избори да бидат фер, регуларни и да се реализираат во демократски амбиент, што ќе зависи од придонесот на сите чинители вклучени во процесот. Тој подвлече дека изборите се и тест за демократскиот капацитет на партиите и за подготвеноста да се соочат со волјата на граѓаните.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, истакнал дека на Македонија ѝ се потребни избори и поради добивањето стабилна влада, која ќе ги продолжи реформите за подобрување на животниот стандард, спроведувањето мерки важни за граѓаните и соочувањето со другите предизвици важни за државата.

Во поглед на интеграциските процеси, Груевски истакнал дека стратегиски интерес на Република Македонија е членството во Европската унија, при што реализацијата на реформите кои ќе придонесат за унапредување на различните сфери од општественото живеење се во фокусот на работата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...