fbpx

Грција: Сè уште пристигнуваат мигранти од Турција

-

Нови 1.662 мигранти стигнале на грчките острови во неделата, откако на сила стапи спогодбата меѓу Европската Унија и Турција со која би требало да се прекине мигрантскиот бран од Турција, соопшти денеска грчката канцеларија за миграциска политика.

Новата група мигранти пристигнале на Чиос и на Лезбос, острови во близина на турскиот брег во североисточниот дел на Егејско Море.

Земјите членки на ЕУ се согласија дека на краток рок мора да ѝ помогнат на Грција со праќање луѓе и опрема.

Досега не е стигнато никакво засилување, како што беше ветено од ЕУ, соопштија од канцеларијата за миграциска политика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...