fbpx

Грција оди на парламентарни избори на 25 јануари

-

Грчкиот премиер Андонис Самарас најави избори на 25 jануари. Премиерот утре ќе оди кај претседателот Каролос Папуљас да поднесе оставка на владата и да побара итно распишување предвремени избори на 25 јануари.

Моменти откако собранието не успеа да изгласа претседател, Самарас и првиот човек на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас, излегоа со изјави кои беа во стил на први изборни обраќања кон народот. Ципрас посочи дека по денешното гласање, иднината е веќе дојдена во Грција, а Самарас најави дека народот конечно ќе ја дознае вистината за досегашната работа на владата за извлекување на Грција од криза.

Изборната победа веќе ја гледа и Ципрас, кој излезе задоволен од претседателски избори и го нарече денешниот ден историски за демократијата во Грција.

Вицепремиерот и министер за надворешни работи, Еванелос Венизелос, најави дека поради изнудените избори, Грција оди во период на нестабилност со економијата и во нова неизвесност. Најави дека независно од резултатите од избоите, ПАСОК ќе се обиде да помогне и да гарантира непречен, мирен развој на државата.

Според изјавите на Венизелос и на Самарас, кои ги обвинија СИРИЗА и Златна зора за изнудување избори, станува јасно дека во предизборниот период ќе се обидат да соберат од гласовите на СИРИЗА, поистоветувајќи ја со нацистичката партија.

Во Атина пред малку почна последниот состанок на коалициската влада на Андонис Самарас и на Евангелос Венизелос. Се очекува да се дискутира за економските прашања и за тоа како ќе се одвива преговарањето за грчкиот долг во следните четири недели, колку што ќе трае предизборниот период.

Ексминистерот за надворешни работи и кандидат за претседател, Ставрос Димас, се заблагодари на поддршката од 168 пратенци. Изрази жалење за неуспехот за негов избор и истовремено изрази жалење за трагедијата со бродот „Нортон Атлантик“.
Двете помали партии, Демократска левица и Независни Грци, кои се најмногу во игра за соработка со СИРИЗА при можна влада, изразија задоволство од исходот од гласањето.
Ексшефицата на дипломатијата, Дора Бакојани, пак, истакна дека изборите доаѓаат во најлош можен момент за економијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...