fbpx

Федерер: Не можам да играм на мали терени

-

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер не размислува за повлекување бидејќи сè уште може да игра на големата сцена.
Федерер истакна дека голема мотивација црпи од тоа што на најголемите турнири игра на најголемите стадиони и оти ќе размислува за крај на кариерата кога тоа ќе се смени.

– Дефинитивно ја имам среќата што претежно играм на централните терени и многу често во ударни термини. Морам да кажам, и тоа навистина искрено, не знам дали уште би играл ако секој ден ме ставаат на теренот 4. Тоа би било тешко за мене затоа што сум играл на толку неверојатни и сјајни терени насекаде во светот, а сега да играм пред неколку луѓе… Тоа би било тешко – додаде Федерер.

Швајцарецот во моментов е на второто место на АТП-листата, а новата сезона ја почнува на турнир во Бризбејн, кој почнува на 4 јануари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...