fbpx

Грција одговори на акцијата на македонската полиција со воена вежба над Идомени

-

Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, утрово нареди ненадејна воена вежба над Идомени. Според информациите, ова е начин Каменос да одговори на активностите на македонската полиција, која фрлаше солзавец, шок-бомби и гумени куршуми на грчка територија во инцидентите со бегалците, но и да се испрати порака до локалното население дека грчките сили се присутни и се грижат за нивната безбедност.

Каменос изутринава во канцеларијата во министерството за одбрана се појавил во воена униформа и наредил вежба за воена подготвеност во Северна Грција, како одговор на македонската полиција и војска, но и над Егејско Море, поконкретно над островот Хиос, како реакција на навлегувањето на турски воени летала во грчкиот воздушен простор.

Нешто по 11 часот по грчко време, на небото над Идомени почнаа да летаат воени авиони и хеликоптери на грчката војска, спроведувајќи ја вежбата за воена подготвеност. Во вежбата учествуваат припадниците на силите за брзи реакции од северниот дел на државата, воени летала и хеликоптери за напад „арасне“.

Грчкото министерство за цивилна заштита претходно истакна дека македонската полиција не ја преминала грчката граница во неделните инциденти, со објаснување дека оградата е поставена два-три метри зад граничната линија на Македонија.

Вежбата над Егејско Море, пак, е реакција и јасна порака против Турција, која Грција ја обвинува дека во последните три дена 10 пати го има нарушено грчкиот воздушен простор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...