fbpx

Грција чека зелено светло од Брисел за 7,5 милијарди евра

-

Сите погледи во Грција денеска се завртени кон состанокот на работната група на Еврогрупата, која треба да одлучи дали ќе се исплати првиот дел од новата европска рата за Грција. Работната група треба да пресече дали грчката влада ги има исполнето договорените обврски за да може во текот на јуни да ѝ бидат исплатени 7,5 милијарди евра неопходни за исплаќање на обврските кон државниот сектор и кредиторите.

Неизвесно е дали Грција ќе добие зелено светло бидејќи сè до последен момент немаше договор меѓу тројката и грчките власти околу три клучни теми. Тоа околу што не можат да најдат заеднички јазик Грција и тројката меѓународни кредитори е начинот на приватизација на стариот грчки аеродром, префрлањето на дел од останатите пет отсто акции од државната компанија за фиксна и за мобилна телефонија ОТЕ и утврдувањето надоместок за членовите на новиот фонд за приватизација, за тие да можат да носат одлуки и да бидат заштитена од тужби.

Иако грчката влада минатата недела изгласа три измени на законите за новите мерки за тие да бидат во согласност со барањата на европските кредитори, сепак овие три работи остануваат отворени до последен момент. Доколку не се постигне договор за нив, можно е грчката влада да не добие зелено светло за исплаќање на новата рата. Процените се дека доколку денешниот ден помине во негативно светло, одлуката за исплаќање на 7,5 милијарди евра може да се разгледа и донесе на 16 јуни на состанокот на Еврогрупата.

Меѓутоа, тука не застануваат проблемите и обврските за грчката влада. Владата на Алексис Ципрас треба во текот на летото да поднесе до собранието, а тоа да ги изгласа, нови закони околу економскиот развој, електронските трансакции, справување со шверцот на цигари и со алхохол, закони за прераспределба на државните службеници.

Особено контроверзни се преговорите за новиот закон за работни односи и за бенефиции. Според информациите, тројката бара укинување на 13. и 14. плата и во приватниот сектор, на што остро се спротивставуваат грчките опозициски партии.

Откако ќе се помине фазата на исплаќање на првата рата, грчката влада до октомври ќе мора да исполни уште 40 нови обврски и барања за да може потоа да ѝ биде исплатена следната рата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...