Грозев: Руски воени разузнавачи вклучени во труењето на Скрипаљ со години роварат низ Европа

-

Група од околу 30 луѓе, припадници на Управата за воено разузнавање на Генераштабот на оружените сили на Руската федерација (порано позната како ГРУ) со години се занимава со дестабилизирачки активности во Европа и на Балканот, вклучувајќи и убиства.

Ваквото обвинување во утринската програма на бугарската телевизија „бТВ“ стаса од устата на Христо Грозев, новинар кој е дел од тимот на истражувачкиот сервис „Белингкет“. Тој потсети дека во оваа група се и луѓето што се главните осомничени за обидот за убиство на поранешниот руски разузнавач Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија, а се смета дека припадници на оваа група стојат и зад обидот за затрујување на бугарскиот бизнисмен Емилијан Гебрев.

Инаку, Грозев со уште двајца други колеги од „Белингкет“ минатата година ја доби наградата за истражувачко новинарство на „Европските новинарски награди“ „European Press Prize“ токму за откривањето на главните виновници за труењето на Скрипаљови.

Бугарскиот новинар објаснува дека членовите на екипата на ГРУ патуваат под лажен идентитет, со фалсификувани пасоши.

– Нашата анализа покажа дека оваа група е создадена некаде во 2009 година. До 2011 година главно патуваат и оперираат во земјите на поранешен СССР, а од таа година почнуваат да патуваат и во Источна Европа. Дури во 2014 година се осмелуваат да патуваат и во Западна Европа – објасни Грозев.

Тој објасни дека шеф на групата е генералот Андреј Верјанов.

Таравари: Десет пациенти хоспитализирани во земјава пуштени на домашно лекување

Десет пациенти коишто се лекуваат во земјава ќе бидат пуштени на домашно лекување, информираше денес министерот за здравство, Арбен Таравари. „Вчера имаше три пациенти што ги испишавме. Моментално во Клинички центар лежат...

Јавното обвинителство отвори истражна постапка за 27 лица и три компании во врска со пожарот во Кочани

Јавното обивинителство отвори истражна постапка против 27 лица и три компании за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќта на 16 март загинаа 59 а повредени се над 190...

Аеродромот Хитроу е затворен поради пожар кој избувна во трафостаница што предизвика прекин на струјата

Британскиот аеродром Хитроу од утрово е целосно затворен откако пожар предизвика прекин на струјата, нарушувајќи летови за илјадници патници на најфреквентниот европски транспортен центар, пренесува Асошиејтед Прес. Според сервисот за следење летови...

Пожарот во Кочани не е злодело на прозападната власт со цел уништување на Македонците

Пожари со многу жртви имало и во Русија (во ноќниот клуб Хромаја лошад во Перм во 2009 г., трговскиот центар Зимњаја вишња во Кемерово во 2018 г. или кафулето Полигон во...

Таравари: Десет пациенти хоспитализирани во земјава пуштени на домашно лекување

Десет пациенти коишто се лекуваат во земјава ќе бидат пуштени на домашно лекување, информираше денес министерот за здравство, Арбен Таравари. „Вчера имаше три пациенти што ги испишавме. Моментално во Клинички...