fbpx

Ѓорчев: Заев свесно одлучи да ги испровоцира и да ги предизвика граѓаните

-

СДС изврши обид за државен удар, ги погази Уставот, законите и деловникот за работа на Собранието и ја погази демократијата во обидот да го прогласи Талат Џафери за претседател на Собранието, а за тоа одговорност мора да има, изјави денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

– СДС изврши политичко насилство кое подоцна резултираше со физичко насилство. Ниедно насилство не смее да се оправдува, но СДС има најмалку право да ги прогласува за терористи граѓаните кои 60 дена мирно протестираа. Одговорност за насилството мора да има. Не смее пратеник, па макар бил и Зоран Заев, да издава наредби за да се пука во Собранието на Република Македонија. Тоа е невиден преседан не само во Македонија туку каде било во светот. Дали Зоран Заев е свесен за последиците од пукањето доколку некој куршум завршеше во некој од граѓаните? Зоран Заев свесно одлучи да ги испровоцира и да ги предизвика граѓаните, во времето кога веќе два месеци пред Собранието мирно протестираат стотици илјади граѓани од иницијативата „За заедничка Македонија“. Зоран Заев се надеваше дека доколку се излие револтот на граѓаните, на таков начин ќе го покрие политичкото насилство на СДС – вели Ѓорчев.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, при изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, биле прекршени повеќе одредби од Уставот, законите и од деловникот на Собранието.

Ѓорчев, меѓу другото, рече дека седницата на која бил избран Џафери не била водена од најстариот пратеник во Собранието, се одржала надвор од времето предвидено за седници, немало пренос од седницата ниту соодветен превод на говорот на Џафери, била прекината веќе почнатата расправа и се преминало на друга точка на дневен ред, им се одзело правото на други пратеници да дадат предлог за претседател на Собранието, немало листа за присутност, немало утврден кворум за работа на Собранието, не бил утврден бројот на присутни пратеници ниту, пак, биле евидентирани тие што гласале „за“, немало стенографски забелешки, не биле употребени техничките копчиња за гласање, а одлуката за изборот не била објавена во „Службен весник“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...