fbpx

Годишно во Управниот суд и во второстепените комисии се постапува по 100.000 предмети

-

Според проценките, во државата има околу 100.000 предмети годишно по кои се постапува врз основа на некакво управно или административно барање на граѓаните до одредени институции. Против овие решенија се поднесуваат просечно околу 12-13.000 жалби, се вели во извештајот за работата на второстепените комисии и управните судови кој го подготви професорот на Правниот факултет, Драган Гоцевски.

Извештајот е дел од проектот „Следење на административната правда” на Центарот за управување со промени (ЦУП).

Со истражувањето на Гоцевски била анализирана работата на Државна комисија за жалби по јавни набавки, Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, како и на Управниот и на Вишиот управен суд.

Пред Управниот суд секоја година се поднесуваат помеѓу 13.000 и 15.000 нови тужби.

Најголемиот дел од предметите, или околу 76 отсто, се соодветно решени, односно решението не е обжалено или против него понатаму не се води управен спор. Истовремено, 60 и 70 отсто од поднесените жалби и тужби се одбиени.

Комисиите во најголем дел го почитуваат законски предвидениот рок од 30-60 дена.

Забелешката што авторот на извештајот ја дава е дека Управниот суд однесува многу малку мериторни одлуки, односно пресуди со полна јурисдикција. Тоа значи дека Управниот суд скоро секогаш ги враќа предметите на повторно постапување до првостепениот односно второстепениот орган. Најчесто оправдување на судот е дека за мериторно одлучување им недостигаат списи и докази. Како последица на тоа, се одолговлекуваат постапките и повторно се враќаат предметите и по неколку пати, се вели во извештајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„И мојот идентитет постои“ – се одржа Маршот за видливост на трансродовите лица

Под мотото „И мојот идентитет постои“, граѓани и активисти вчера попладне по петти пат во земјава маршираа за видливост на трансродовите лица. Маршот го организираше граѓанската иницијатива за заштита...
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Nulled WordPress Themes
download udemy paid course for free
download samsung firmware
Download WordPress Themes
free download udemy paid course