fbpx

Германскиот канцелар Шолц: Драги Македонки и Македонци, ве сакаме зачленети во ЕУ

-

Германскиот канцелар Олаф Шолц во отворено писмо до Северна Македонија, кое го објави Германската амбасада во Скопје, посочува дека Германија сака Северна Македонија да стане членка на ЕУ.

Шолц вели дека разбира оти на Северна Македонија ѝ беше предолго и премногу ветувано и го разбира сомнежот дали со прифаќањето на европскиот предлог навистина ќе се отвори патот за влез во ЕУ. Канцеларот признава дека и по прифаќањето на овој компромис околу францускиот предлог, процесот за влез во ЕУ нема да биде лесен, но и тој порачува – Северна Македонија сака да биде членка на Европската Унија.

Во продолжение во целост го пренесуваме обраќањето на германскиот канцелар Шолц:

Вашата земја повторно се соочува со носење на една многу важна одлука: Дали сакате да го прифатите европскиот компромис? Со тоа, 17 години по доделувањето на статусот на кандидат за членство во ЕУ, може конечно да се одржи првата пристапна конференција за членство. Тоа ќе биде важен чекор што ќе ве приближи до членство во ЕУ и со што ќе се надмине блокадата“, се вели во обраќањето на Шолц.

Ние сакаме Северна Македонија да стане членка на ЕУ!

Вашата земја повторно се соочува со носење на една многу важна одлука: Дали сакате да го прифатите европскиот компромис? Со тоа, 17 години по доделувањето на статусот на кандидат за членство во ЕУ, може конечно да се одржи првата пристапна конференција за членство. Тоа ќе биде важен чекор што ќе ве приближи до членство во ЕУ и со што ќе се надмине блокадата.

Јас ги разбирам Вашата нестрпливост и Вашата фрустрација. И повеќе од тоа: ги споделувам со Вас!

Јас Ве разбирам кога ќе кажете: Нам ни беше предолго и премногу ветувано. Тоа што се бараше од нас беше премногу. Јас го разбирам Вашиот сомнеж дали со овој чекор навистина ќе се отвори патот за влез во ЕУ.

Сакам да бидам сосема искрен со Вас: Дури и по прифаќањето на овој компромис, процесот за влез во ЕУ нема да биде лесен. Ќе има и други пречки кои ќе треба да бидат надминати. Но, јас исто така Ви велам: Заедно ќе ги совладаме задачите кои ни претстојат.

Затоа што сакаме да бидете членка на оваа Европска Унија!

Ние Ве сакаме Вас, драги Македонки и Македонци, зачленети во една унија во која се чуваат и се негуваат Вашите и нашите културни особености, нашите различни јазици и нашите идентитети. Тоа нè прави заедно силни.

Сите знаеме дека компромисите понекогаш значат болни отстапки. Европската Унија се состои од компромиси, ден за ден. Но, јас сум цврсто убеден дека дури и тешки компромиси на крајот секогаш нè носат напред и нè прават посилни.

Ние сме и ќе останеме на Ваша страна.

Ваш Олаф Шолц, канцелар на Сојузна Република Германија

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...