fbpx

Германска амбасада: Изборите ќе бидат веродостојни ако сите партии добијат исти можности

-

Германската амбасада во Македонија денеска преку соопштение ги повика политичките партии целосно да го имплементираат Договорот од Пржино и да се спроведат фер и демократски избори.

„Спогодбата од Пржино и понатаму е во функција и мора целосно да се спроведе. За жал, притоа, сè уште постојат значителни одложувања во многу области. Оставката на премиерот и изборите се два од неколкуте важни составни делови. Овие избори мора да бидат веродостојни и инклузивни. Тоа може да бидат само доколку сите партии се уверени во тоа дека ќе добијат исти можности и шанси“, стои во реакцијата на германската амбасада по изборот на техничката влада и по одлуката на СДСМ да не учествува на изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...