fbpx

Физички нападнати тројца полицајци во Тетово

-

Тројца полицајци од Тетово вчера физички биле нападнати при легитимирање на двајца тетовци.

Како што соопшти МВР, изутрината околу два часот, на улицата Благоја Тоска во Тетово, полицајците од полициската станица во Тетово физички биле нападнати од лицата М.М. (26) и И.А. (28), кои биле познати како извршители на повеќе кривични дела.

Полициските службеници, кога ги забележале лицата, се легитимирале и побарале и тие да го направат истото и да ги извадат предметите од нивните џебови. Притоа, М.М. почнал да вика, се доближил до едниот полициски службеник и физички го нападнал, удирајќи го со тупаници во градите. Откако регирале и другите двајца полициски службеници, лицата биле совладани и приведени во полициската станица во Тетово за понатамошна постапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...