fbpx

Кривична пријава за поранешна управителка во „Славија“

-

СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 64-годишната А.С., поранешна управителка во „Славија “ ДОО Скопје, поради основан сомнеж дека во периодот од 2007 до 2010 година ги злоупотребила службената положба и овластување, со што ја оштетила „Славија“ за вкупен износ од 20.771.204 денари.

Како што соопшти МВР, А.С., која и претходно била кривично пријавувана за злоупотреба на службената положба и овластување, како управителка на правното лице, во периодот од 2007 и 2010 година, склучила договори со пет адвокатски кацеларии за пружање правни услуги со исплата на различен износ на месечен паушал. На тој начин таа овозможила исплата надвор од договорениот паушал во вкупен износ од 1.034.568 денари.

Исто така, како што стои во соопштението, пријавената признала и одобрила компензација на инвестициони вложувања од закупците во три објекти со стасаните месечни закупнини. Притоа, А.С. постапила спротивно на член 8 од склучените договори за закуп на деловен простор, според кој трошоците од инвестиционото вложување ги сноси самиот закупувач без право да ги компензира со стасаните закупнини и во ниту еден случај закупувачот на основа на какви било негови инвестиции, адаптации и други зафати не може да стекне сопственост или кое било друго право над објектот кој е под закуп. На тој начин пријавената го оштетила друштвото „Славија“ за износ од 2.914.199 денари.

Пријавената, во наведениот временски период, иако знаела дека сметката на „Славија“ е блокирана, наместо да се грижи за одблокирање и да обезбеди услови за регуларно редовно работење на друштвото, постапувала спротивно на член 354, став 3 од Закон за трговски друштва. Таа склучувала договори за цесија и за асигнација со правните лица – закупувачи на деловен простор од „Славија“ и на тој начин овозможила прилив на 7.170.437 денари на сопствена сметка.

Од извршена анализа на обезбедените податоци од банките во кои А.С. имала трансакциски сметки, утврдено било дека од вкупните приливи на нејзината сметка, во готово подигнала 2.393.000 денари, 4.202.000 денари биле подигнати од банкомати, додека 590.175 денари биле исплатени од нејзината трансакциска сметка на други правни лица за вршени набавки и за користени услуги. На сметките на нејзино име во банките останале 232.956 денари.

Исто така, А.С. склучила купопродажен договор со кој извршила противправна продажба на деловен простор со површина од 111 квадратни метри и подрумски простор со површина од 20 квадратни метри, лоцирани во центарот на Скопје, во сопственост на „Славија“. Купопродажниот договор бил склучен во корист на правното лице „Александрија“ ДООЕЛ Скопје, при што не бил почитуван предвидениот износ на пазарна вредност на недвижниот имот, согласно проценката по методологијата за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот. На тој начин пријавената го оштетила друштвото „Славија“ во вкупен износ од 9.652.000 денари, соопшти МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...