Фото: Арбнора Мемети

Од 755 тестирања во последните 24 часа евидентиран е 51 нов случај на ковид-19, информира Министерството за здравство. Во Скопје има 25 нови случаи, во Прилеп – 9, Кавадарци – 7, Струмица и Струга – по 2, а во Куманово, Штип, Велес, Кочани, Кичево и Делчево по 1 случај.

Оздравеле 308 пациенти од: Скопје – 135, Охрид – 36, Кавадарци – 18, Струга – 15, Велес – 14, Прилеп – 12, Битола – 10, Крива Паланка – 7, Тетово и Неготино – по 6, Штип – 5, Струмица, Кочани, Дебар и Крушево – по 4, Куманово, Кичево и Гостивар – по 3, Свети Николе, Гевгелија, Берово, Пробиштип, Валандово и Македонски Брод – по 2, а во Радовиш, Виница, Кратово, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран имало по 1 оздравен пацинет.

Пријавени се вкупно 9 починати лица, 3 од Прилеп, по 2 пациента од Скопје и од Тетово и по 1 починат пациент од Куманово и од Охрид. Тие биле на возраст од 54 – 87 години и сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 487.716 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 97.101, бројката на оздравени пациенти е 87.960, на починати е 2.998, а бројот на активни случаи изнесува 6.143.

Најмногу заболени во изминатите 24 часа имало во Скопје 42.418, од кои активни се 2.785, потоа во Куманово 5.364 случаи и активни 233 и Тетово со 5.271 случаи на корона вирус и активни 217 лица.