fbpx

ЕУ и даде две недели на Грција да ја подобри контролата на границите

-

Европската Унија денеска ја повика Грција во рок од две недели да го подобри планот за зајакнување на границата со цел да се намали преливот на мигранти.

Брисел побарал од Атина да изготви план откако стотина мигранти влегле во Грција, а Германија, Австрија, Данска и Шведска ја зајакнаа контролата на своите граници.

Европската комисија во своето соопштение навела дека е неопходно натамошно подобрување и примена на акциониот план за поефикасно да се отстранат недостатоците и истовремено и наложи на Грција да го дополни планот до 26 април.

Ако Атина не постапи по налогот, Европската комисија би можела да им препорача на другите земји да продолжат со засилена контрола на границите до крајот на годината.

Во меѓувреме, стотина бегалци и мигранти денеска попладне почнале со автобуси да го напуштаат импровизираниот камп Идомени на грчко-македонската граница и организирано почнале да заминуваат во подобрите кампови на северот на Грција.

Грчката полиција соопшти дека седум автобуси со 350 лица веќе заминале од Идомени, каде се сместени околу 11.000 лица.

Грчката влада соопшти дека сака во следните неколку недели сосема да се испразни кампот кај Идомени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...