fbpx

Експлозија го исфрлила напаѓачот од авион

-

Неидентификуван маж е исфрлен од авион на висина од околу 3.600 до 4.200 метри по експлозија, пишува британскиот весник „Дејли маил“, повикувајќи се на изјава на сведоци.

Патничкиот авион „ербас А321“, кој летал од Сомалија во Џибути, вчера принудно слетал на аеродромот „Аден Аде“ откако неколку минути по полетувањето експлозија одекнала во леталото.

Авионот го спуштил пилотот Владимир Водопивец (64) од Србија и никој од патниците и од членовите на екипажот не е повреден. Експлозијата разнела дел од трупот, кај десното крило на авионот.

– По полетувањето од Могадишу се слушна силна експлозија, Патниците почнаа да врескаат, а јас го вратив авионот на аеродромот – рече Водопивец. Во авионот на компанијата „Дало ерлајнс“ имало 74 патници, од кои 70 лица од Турција. Сомалиските власти велат дека засега не сакаат да откријат како дошло до експлозијата. Испитуваат дали станува збор за дефект или напад. Медиумите, пак, пишуваат дека се сомневаат на терористички напад, односно дека некој во авионот внел бомба. Во прилог на тоа одат изјавите на сведоците, а наводно и анализите на уништениот дел од авионот покажале остатоци од експлозив. И пилотот верува дека станува збор за бомба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.