недела, 14 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Сомалија | 29 резултати

СЗО: Во Сомалија 25.000 лица се заболени од колера

април 13, 2017

Повеќе од 25.000 лица во Сомалија се погодени од колера, односно од акутна водена дијареја, а се очекува бројот на заболените двојно да се зголеми во претстојните месеци од летото, соопшти Светската здравствена организација. Стапката на смртност предизвикана од болести поради загадената вода или храна изнесува 2,1 отсто во Сомалија, додека смртноста предизвикана од колера […]

Убиен сомалиски владин претставник во Могадишу

април 10, 2017

Претставник на владата на Сомалија загина во експлозија на бомба подметната под неговото возило во главниот град Могадишу, соопштија официјални претставници. Според портпаролот на градоначалникот на Могадишу, во експлозијата на бомба подметната под автомобил, загина владин претставник од понизок ранг. Засега никој не ја презел одговорноста, но исламската милитантна група Ал шабаб во последно време […]

Седум повредени при експлозија на автомобил бомба во Могадишу

април 5, 2017

Сомалиската полиција соопшти дека во експлозија на автомобил бомба во Могадишу загинаа седум лица, а неколку се повредени. Автомобил бомба експлодира пред еден ресторан во престолнината на Сомалија, во близина на Министерството за внатрешни работи, младина и спорт. Засега никој не ја презема одговорноста за бомбашкиот напад, но познато е дека терористичката група Ал шабаб, […]

Сомалиски пирати киднапирале индиски комерцијален брод

април 3, 2017

Пирати киднапирале индиски комерцијален брод, соопшти денеска сомалиски претставник од Агенцијата за борба против пиратите, Абдиризак Мохамад Дирир. – Сфативме дека сомалиски пирати киднапирале индиски брод и дека се движи кон сомалискиот брег – јави Дирир. Бродот и 11-члениот екипаж се киднапирани во саботата, изјави Грејмем Гибсон-Брукс од британската поморска организација за безбедност. Минатиот месец […]

Шест загинати во експлозија во Могадишу

март 13, 2017

Во експлозија на автомобил бомба во близина на хотел во сомалискиот главен град Могадишу, утринава загинаа шест лица, а повредени се четири, соопштија полициски претставници. Бомбата е активирана во близина на хотелот „Вехелије“, кој се наоѓа на прометната улица Мака Алмукарамах во Могадишу, наведоа властите. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, но екстремистичката […]

Генералниот секретар на ОН во итна посета на Сомалија поради гладот во земјата

март 7, 2017

Генералниот секретар на Обединтетите нации, Антонио Гутереш, ја почна итната посета на Сомалија, која изминатите неколку недели е зафатена од глад поради суша, јавуваат светските медиуми. „Луѓето умираат. Светот мора да дејствува за да се спречи тоа. За ова мораме да зборуваме најгласно што можеме. Конфликтите, сушата, болестите, климатските промени… Оваа комбинација е кошмар“, изјавил […]

За два дена повеќе од 100 лица починале од глад во Сомалија

март 4, 2017

Премиерот на Сомалија, Хасан Али Каире, денеска соопшти дека во последните 48 часа 110 лица умреле од глад само во регионот Бај и дека ваква опасност им се заканува на милиони луѓе во земјата, јавуваат светските агенции. Станува збор за прв извештај за луѓе починати од глад, откако во вторникот Сомалија прогласи национална катастрофа поради […]

Напад на хотел во Могадишу

јануари 25, 2017

Вооружени лица утринава упаднале во хотел во сомалискиот главен град Могадишу, по експлозија на автомобил бомба на влезот од зградата, соопшти сомалиски полициски претставник. Капетанот Мохамед Хусеин соопшти дека според досегашните податоци, во моментот на нападот, во хотелот Даја во Могадишу имало десетици лица, меѓу кои и дел од вработените. Тој додаде дека од хотелот и […]

Пет војници убиени во експлозија во Могадишу

август 30, 2016

Експлозијата на автомобил-бомба која одекна пред резиденцијата на претседателот на Сомалија усмрти пет војници, јавуваат локалните медиуми. – Засега знаеме дека пет сомалиски војници загинаа во експлозијата, која се случи пред хотелот „Сомалиска младинска лига“, кој се наоѓа пред претседателската палата. Веруваме дека цел на нападот бил хотелот, во кој често престојуваат локални функционери. Бројот […]

Десет загинати во напад на ресторан во Могадишу

август 26, 2016

Најмалку 10 лица се убиени во напад на исламистичките екстремисти на ресторан на плажа во Могадишу, главниот град на Сомалија, соопштија денеска властите. Полицискиот претставник Али Абдулахи рече дека меѓу жртвите има шест цивили, двајца припадници на безбедносните сили и двајца напаѓачи. Нападот е изведен синоќа, а драмата е окончана во три часот по локално […]

Поранешен пратеник е еден од напаѓачите во Могадишу

јули 27, 2016

Еден од двајцата бомбаши што го изведоа двојниот напад во главниот сомалиски град Могадишу е поранешен пратеник кој им се приклучил на припадниците на екстремистичката група Ал шабаб. „Салах Нух Исмаил, познат под името Салах Бадбадо, е еден од најхрабрите борци што го изведоа нападот на воената база Халана“, стои во соопштението на џихадиститите од Ал шабаб, […]

Седум загинати во експлозијата во Могадишу

јули 26, 2016

Најмалку седум лица загинаа во двете експлозии што одекнаа на главниот влез на аеродромот во Могадишу, соопшти сомалиската полиција. Како што јавува „Би-би-си“, над тоа подрачје, каде се наоѓа и базата на мировните сили на Африканската унија се издигнува густ чад. Локалните медиуми јавуваат дека барем една од бомбите ја активирал бомбаш самоубиец во возило, во […]

Сомалија: Експлозија во близина на аеродромот во Могадишу

јули 26, 2016

Силна експлозија одекнала во близина на аеродромот на главниот сомалиски град Могадишу, јавуваат локалните медиуми. Густ чад се издигнува над подрачјето каде се наоѓа базата на мировните сили на Африканската унија. Како што јавува „Би-би-си“, повикувајќи се на локалните медиуми, во околината на аеродромот експлодирале две бомби. Засега нема информации за жртви.

Најмалку 14 загинати во терористички напад во Сомалија

јуни 26, 2016

Најмалку 14 лица загинале во силна експлозија што вчера се случила во близина на хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, соопштија локалните власти. Меѓу загинатите се и тројца припадници на обезбедувањето на хотелот. Полицијата соопштила дека бомбаш самоубиец активирал возило полно со експлозив пред влезот на хотелот, по што вооружени лица влегле во објектот и […]

Во Сомалија погубен новинар близок со Ал шабаб

април 11, 2016

Сомалиски новинар кој бил поврзан со исламистичките екстремисти од Ал шабаб е погуден денеска во Могадишу, соопштија правосудните власти. Хасан Ханафи е осуден за организирање убиство на пет свои колеги во периодот од 2007 до 2010 година. Повеќе новинари присуствувале на неговото погубување. Ханафи е уапсен во август 2014 година во Кенија и истата година […]

Во Сомалија 150 загинати при напад со дрон

март 7, 2016

Повеќе од 150 луѓе се убиени во напад на американско беспилотно летало на упориште на Ал шабаб во Сомалија, наведуваат официјални лица на САД. Сите убиени се членови на терористичката група. Портпаролот на министерството за одбрана на САД, Џеф Дејвис, изјави дека е нападнат камп за обука во кој се подготвувал „голем напад“. – Знаеме дека имале […]

Експлозија го исфрлила напаѓачот од авион

февруари 3, 2016

Неидентификуван маж е исфрлен од авион на висина од околу 3.600 до 4.200 метри по експлозија, пишува британскиот весник „Дејли маил“, повикувајќи се на изјава на сведоци. Патничкиот авион „ербас А321“, кој летал од Сомалија во Џибути, вчера принудно слетал на аеродромот „Аден Аде“ откако неколку минути по полетувањето експлозија одекнала во леталото. Авионот го […]

Дваесет загинати во нападот на ресторан во Могадишу

јануари 22, 2016

Сомалиските сили за безбедност ставиле крај на опсадата на ресторанот на плажа, што беше нападнат од исламистичките милитанти, кои убија повеќе од 20 лица, соопшти полицискиот капетан Мохамед Хусеин. Силите за безбедност ја презеле контролата над ресторанот пред зора, рече капетанот Хусеин од местото на нападот во Могадишу. Не е прецизирано дали меѓу 20 загинати се […]

Пукање и експлозии на автомобил-бомби на плажа во Могадишу

јануари 21, 2016

Рестораните на плажата Лидо во главниот град на Сомалија, Могадишу, попладнево биле цел на вооружени напаѓачи и на експлозии на две автомобил-бомби, јави „Би-Би-Си“. Првата автомобил-бомба експлодирала кратко време откако од плажата кон рестораните почнале да се приближуваат петмина напаѓачи кои отвориле оган. Втората автомобил-бомба експлодирала половина час подоцна. Засега нема информации за настрадани лица, […]

Убиени 50 кениски војници

јануари 15, 2016

Припадниците на исламистичката група Ал шабаб нападнале воена база на Африканската унија во сомалискиот град Ел Абе, при што убиени се најмалку 50 кениски војници, објави денеска агенцијата „Синхуа“. Светските медиуми јавуваат дека бомбаш-самоубиец со камион удрил во капијата на воениот камп на мировниот контингент на југот на државата. Откако камионот ја пробил капијата, милитантите […]

Страна 1 од 2