fbpx

Два дена жалост во Македонија, се чекаат причините за автобуската несреќа со 14 загинати

-

Два дена жалост во Република Северна Македонија по тешката сообраќајна несреќа која се случи во средата (13.02.19), на автопатот Е-65, кој ги поврзува Скопје и Гостивар. Загинаа 14 лица а 39 се повредени. Автобусот на компанијата „Дурмотурс“ со над 50 патници, околу 17 часот поминал преку 3 ленти, излетал од автопатот и се превртел во близина на стариот пат. Tој превезувал главно патници кои биле вработени во Скопје и се враќале кон Гостивар.

Надлежните институции го утврдија идентитетот на 14 загинати жртви, завршен е увидот на местото на несреќата, а автобусот е однесен на вештачење. Петмина од хоспитализираните повредени се во критична состојба.

Се чекаат причините за трагедијата

Возачот кој управувал со автобусот се здобил со полесни телесни повреди, тој е пуштен на домашно лекување. Според тестирањата нарачани од Јавното обвинителство, тој немал алкохол ниту други психотропни супстанции во крвта и урината. Се истражува дали возачот во моментот на трагедијата разговарал на мобилен телефон.

„Веднаш по несреќата Јавниот обвинител имаше првичен разговор со него и притоа тој не даде релевантни податоци за целиот настан“, соопштија од Јавното обвинителство.

Од досегашните сознанија е утврдено дека автобусот бил набавен во 2001 година, а последен пат бил регистриран во јануари 2019 година. Вешт наод и мислење треба да достави и Бирото за судски вештачења.

„Дурмо турс“, треба да достави целосна документација за дозволите кои ги поседува за јавен превоз, за одржувањето на возилата, бројот на патници и продадени карти во автобусот, како и податоци за работното време и релациите кои ги поминал возачот на критичниот ден.

По несреќата Владата на вонредна седница прогласи дводневна жалост во целата држава. Комеморативни седници одржаа општините Гостивар и во Врапчиште, од каде се починатите во несреќата, во присуство на државниот врв и владини и партиски делегации.

Автобуската несреќа е петта по бројот на жртви во поновата историја на Македонија.

Пет пријави за говор на омраза на социјалните мрежи за трагичната сообраќајна несреќа

Министерството за внатрешни работи покренало пет постапки за говор на омраза на социјалните мрежи во врска со трагичната сообраќајна несреќа и се работи на откривање на други профили на социјалните мрежи од кои се шират говори на омраза, информираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...