fbpx

Дури 46 починати лица од ковид-19, нови 433, а оздравени 641 пациент

-

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа се направени 2.453 тестирања, а регистрирани се 433 нови случаи на ковид-19 во Скопје – 174, Куманово – 39, Битола – 34, Охрид – 24, Струга и Кичево – по 16, Прилеп, Велес и Струмица – по 15, Штип – 11, Тетово и Кочани – по 9, Гевгелија и Виница – по 8, Кавадарци – 7, Гостивар – 6, Неготино – 5, Свети Николе – 4, Делчево и Крушево – по 3, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка и Ресен – по 1.

Регистрирани се 641 оздравен пациент од: Скопје – 298, Битола – 59, Прилеп – 46, Струмица – 44, Кавадарци – 23, Штип – 21, Кочани – 20, Тетово и Гостивар – по 19, Охрид – 13, Кичево – 11, Неготино – 10, Ресен – 9, Радовиш – 8, Крива Паланка – 7, Виница – 6, Велес и Валандово – по 5, Струга – 4, Куманово и Делчево – по 3, Берово и Пробиштип – по 2, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 46 починати лица: 15 од Скопје (54г, 54г , 54г, 55г, 64г, 66г, 69г, 69г, 71г, 71г, 72г, 75г, 76г, 80г и 82г), по 3 лица од Битола (63г, 66г и 73г), Штип (55г, 71г и 77г), Кочани (57г, 82г и 82г) и Велес (65г, 66г и 81г), по 2 лица од Прилеп (66г и 85г), Струмица (78г и 79г), Гостивар (59г и 72г), Неготино (79г и 86г) и Куманово (59г и 92г), и по едно починато лице од Кавадарци (80г), Тетово (77г), Охрид (69г), Ресен (93г), Радовиш (56г), Берово (55г), Демир Хисар (70г), Македонски Брод (73г) и Гевгелија (69г). Еден пациент е починат во домашни услови, а останатите 45 се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.002, бројката на оздравени пациенти е 132.171, на починати е 4.818, а бројот на активни случаи изнесува 15.013.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...