fbpx

ДУИ: Ги разгледуваме сите опции околу спроведувањето на Договорот од Пржино

-

За ДУИ е многу важно Договорот од Пржино целосно да се спроведе и без понатамошно одложување треба да биде комплетиран тимот на специјалниот обвинител и да се достават другите закони во Собранието, истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со заменикот на американскиот амбасадор, Барт Путни, денеска во Амбасадата на САД во Скопје.

Ахмети истакнал дека „двете македонски политички партии треба да разберат дека договорот треба да се затвори веднаш и дека секое одложување е на штета на државата и на граѓаните.“

– ДУИ како дел од сите случувања во врска со Договорот од Пржино, ги разгледува и ги испитува сите можни опции за надминување на оваа тешка криза. Истовремено, евроатлантската иднина се држи во заложништво од неподготвеноста за компромис и ова ќе влијае многу и во меѓуетничките односи и на општата состојба во земјата – се вели во соопштението на партијата.

Ахмети и Путни разговарале околу отворените прашања од Договорот од Пржино, преговорите на работните групи, како и околу чекорите кои ДУИ планира да ги заземе во зависност од напредокот во спроведувањето на договорот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...