fbpx

ДПА под мотото „Чекориме право“ најави камапња за позитивни промени

-

Демократската партија на Албанците изборната кампања за претстојните предвремени парламентарни избори ја почна во скопско Студеничани под мотото „Чекориме право“.

Лидерот на партијата, Мендух Тачи, соопшти дека ДПА ќе води кампања за позитивни промени и го повика членството и симпатизерите овие избори да бидат мирни и демократски, бидејќи тоа е во интерес на Албанците.

– Се разбира дека сме во состојба на извонредно и многу големо незадоволство кон нашите опоненти, Али Ахмети и ДУИ. Сепак, ние ќе бидеме победници и ќе ја донесеме слободата и економското зајакнување на Албанците. Од денеска треба да се погрижиме состојбата да не излезе од контрола. Има многу непријатели кои се заинтересирани политичката состојба на Албанците од Македонија да ја извадат од контрола. Ние нема да дозволиме тоа да се случи – рече Мендух Тачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.