Додека не се комплетира Агенцијата, државни службеници ќе преведуваат на албански

-

Она што го направив јас е да ги искористам капацитетите на Секретаријатот, кои што не се професионални преведувачи, ама се Албанци и вршат и други работи во Министерството. Ние ќе правиме превод се додека Агенцијата не се опреми со кадар, порача вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на денешната прес-конференција во владата, пренесува „Порталб“.

На прес-конференцијата беа и директорот на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците, Илбер Села, генералниот секретар на Владата на РСМ, Драги Рашковски и заменикот на генералниот секретар на Владата, Тахир Хани.

Села рече дека комплетирањето на кадарот на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците ќе се прави по завршувањето на претседателските избори, кои се закажани за 21 април. Тогаш и ќе се подготви годишната програма за работа на агенцијата.

– По изборниот процес, ќе распишеме конкурси за да го комплетираме тимот. Јас исто така најавив систематизација и регулатива, и со тоа сме во конечната фаза. Кога ќе го комплетираме тимот, ќе ја имаме и програмата на Агенцијата, така што ќе продолжиме со другите фази што претстојат – рече Села.

Рашковски пак рече дека лицата што ќе се вработат во Агенцијата се ангажирани од Генералниот секретаријат на Владата и се прави нивни трансфер за да почне спроведувањето на Законот за употреба на јазиците.

– Лицата што ќе бидат вработени во Агенцијата се под Генералниот секретаријат. Тоа се луѓе што веќе имаат некакво искуство во полето на државната администрација. Важно е од почетокот да се покаже дека нема ништо лошо во примената на Законот за употреба на јазиците. Тоа се права на граѓаните – рече Рашковски.

Директорот на Агенцијата, Села, појасни дека ангажираните лица не се лектори, преведувачи и лингвисти, туку правници, архивари.

– Во почетната фаза ни треба архивар, еден службеник за финански прашања, еден за правни прашања. Нормално, ако има луѓе во Генералниот секретаријат што се способни и може одговорно да работат, тие ќе станат дел од тимот – рече тој.

Повеќе од 60 отсто од странските инвеститори со намалени нарачки и недостиг на работна сила

Повеќе од 60 отсто од странските инвеститори во земјава имале намален број на нарачки и недостаток на работна сила во 2024 година во споредба со првичните планови. Ова го покажа анкетата...

Сојузниците на НАТО инсистираат на тоа дека Украина и Европа мора да бидат дел од мировните преговори

Неколку сојузници на НАТО денес истакнаа дека Украина и Европа не треба да бидат исклучени од какви било мировни преговори, пишува Асошиејтед Прес. Европските влади се вознемирени откако администрацијата на Трамп сигнализираше...

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во Скопје

Во текот на денешниот ден, по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје се вршат координирани вонредни инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за животна средина и општинските...

Власта брза да го смени Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Без никаква најава, вчера на собраниската пленарна седница кој е во тек, како дополнување на дневниот ред, по брза постапка се поставени измени на Законот за слободен пристап до информации од...

Повеќе од 60 отсто од странските инвеститори со намалени нарачки и недостиг на работна сила

Повеќе од 60 отсто од странските инвеститори во земјава имале намален број на нарачки и недостаток на работна сила во 2024 година во споредба со првичните планови. Ова го...