Владата разгледува три сценарија за преведување на албански јазик

-

Спроведувањето на Законот за употреба на јазиците паралелно со Преспанскиот договор, како и неуспехот да профункционира Агенцијата за спроведување на законот за јазиците им ја отежнува работата на државните институции.

Преведувачите предлагаат да се воспостави контролен механизам, додека институциите разгледуваат три сценарија за преведувањето, пишува „Порталб.мк“.

За да се избегне продолжување на проблемот, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска најави дека албанскиот јазик паралелно со преименувањето во согласност со Преспанскиот договор, ќе најде свое место на таблите на државните тела, а владата ќе биде таа што ќе им ги испорачува веќе готовите табли.

Тој објасни дека во Владата се разгледуваат три сценарија за спроведувањето на законот за јазиците:

1. Сите институции да вработат преведувач.

2. Сите преведувачи да бидат вработени во Агенцијата и таа да врши преводи.

3. Да се потпишуваат договори за превод со приватни компании.

– Ги известивме институциите да не ги менуваат самите таблите, туку тоа да го остават на владата. Владата ќе им обезбеди на институциите готови табли што ќе се обезбедуваат од еден центар. Тоа ќе остави многу мала можност за правописни и лингвистички грешки. Меморандумите и сите документи се веќе подготвени од Владата и се двојазични – рече Османи.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...