петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Закон за употреба на јазиците | 46 резултати

Анализа: Како ќе се дели буџетскиот колач 2020 година?

ноември 18, 2019

Повеќе пари за претседателот на државата, за министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за надворешни работи, за правда, за труд и социјална политика, за образвание, за здравство, за економија, дури двојно повеќе пари за Министерството за финансии – функции на држава, предвидува Буџетот за 2020 година. Покрај министерствата, и дел од институциите, агенциите, инспекторатите ќе […]

Се подготвува закон за државен инспекторат за употреба на јазиците

мај 31, 2019

Министерството за правда подготвува предлог на закон за Државниот инспекторат за употреба на јазиците. Во објавата на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) се вели дека формирањето на инспекторатот е во согласност со член 20 од Законот за употреба на јазиците, каде се предвидува овој орган да функционира во состав на Министерството за правда. […]

Додека не се комплетира Агенцијата, државни службеници ќе преведуваат на албански

март 25, 2019

Она што го направив јас е да ги искористам капацитетите на Секретаријатот, кои што не се професионални преведувачи, ама се Албанци и вршат и други работи во Министерството. Ние ќе правиме превод се додека Агенцијата не се опреми со кадар, порача вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на денешната прес-конференција во владата, пренесува „Порталб“. На […]

Осум чекори за да почне да работи Агенцијата за албански јазик (инфографик)

март 8, 2019

Основањето на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците сè уште е во почетна фаза. По назначувањето на Илбер Села за директор, во рок од две недели, според него, ќе биде изработен планот за систематизација, пишува „Порталб.мк“. Портпаролот на Владата, Мухамед Хоџа, ги објасни постапките за регистрација на Агенцијата во Централниот регистар. – По […]

Новите печати ќе бидат и со новото име и според Законот за употреба на јазиците

февруари 20, 2019

По налогот од Владата од пред неколку дена сите државни институции во својата работа и во различните документи да почнат да го употребуваат новото име на земјава – Република Северна Македонија, од Илинденска број 2 стаса ново задолжение – да се изработат нови печати во склад со законот за употреба на јазиците. Како што објасни […]

Преводот на државјанството на албански е погрешен велат експертите

јануари 16, 2019

Правилната форма на државјанството напишано на личните документи на албански јазик треба да биде државјанство „на Македонија“ („E Maqedonisë”), а не како што се користи со години и како што се повторно се инсистира да се пишува – „Maqedonisë” (македонско). Ова е оценката на експертите за тоа колку се почитуваат стандардите на албанскиот јазик при […]

Службен весник: Законот за јазиците е објавен согласно Уставот

јануари 15, 2019

Од „Службен весник на Република Македонија“ со соопштение објавено на веб-страницата денеска порачаа дека согласно Уставот, биле задолжени да ги објават Законот за ратификација на Преспанскиот договор и Законот за јазиците, кои не беа потпишани од претседателот на државата Ѓорге Иванов. „Двете објави се во согласност со член 52, став 2 од Уставот на Република […]

Законот за употреба на јазиците објавен во Службен весник

јануари 15, 2019

Законот за употреба на јазиците денеска е објавен во Службен весник откако претседателот на Собранието Талат Џафери вчера го испрати без потпис од претседателот на државата Ѓорге Иванов. Со објавувањето на Законот во Службен весник, тој официјално стапува на сила со што албанскиот јазик станува втор службен јазик во Македонија. Пратеникот од ДУИ Артан Груби […]

Џафери доби кривична пријава од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазиците

јуни 19, 2018

ВМРО-ДПМНЕ поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство против претседателот на Собранието, Талат Џафери за прекршување на Уставот, Законот за Собрание и собранискиот Деловник, поради, за како што велат, неуставното и незаконското донесување на Законот за јазиците. Најголемата опозициска партија го товари Џафери за злоупотреба на службена положба и овластување, со попречување на уставно загарантираното […]

Заев: Кога ќе заживее Законот за јазици, ќе се види дека нема ништо страшно

март 30, 2018

Блокирањето на Законот за употреба на  јазици значи дека некој се плаши овој закон да заживее, бидејќи кога ќе заживее ќе се види дека сите стравови што се шират биле лаги, рече премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање по конститутивната седница на Комитетот за земјоделство и безбедност на храна. – Одлуките што ги […]

И по седум дена, Законот за јазиците е во лимбо, ги чека „варијантите“ на Џафери

март 22, 2018

По седум дена откако во Собранието на Република Македонија беше изгласан Законот за употреба на јазиците, а претседателот Ѓорге Иванов, одби да го потпише Указот за неговото стапување на сила сè уште е нејасно што и како понатаму. Ваква ситуација не е предвидена со Уставот, кој, иако вели дека претседателот по второто усвојување во Парламентот го потпишува […]

Веб-страницата на Собранието со целосно функционална верзија на албански јазик

март 19, 2018

Неколку дена откако беше изгласан Законот за употреба на јазиците, веб-страницата на Собранието има и целосно функционална албанска верзија, како и верзии на англиски и на француски, пишува „Порталб“. Иако и претходно имаше албанска верзија на собраниската веб-страница, многу од содржините од македонската верзија ги немаше и на албански. Веб-страницата на претседателот на државата Ѓорге […]

Села: Ќе гласам за законот за јазици според договорот кога се формираше Владата

март 14, 2018

Лидерот на коалицијата Алијанса за Албанците, Зијадин Села, пристигна во Собранието каде што во секој момент треба да почне седницата за законот за јазиците. – Не сум дел од Владата, дојдов да гласам за закон според договорот што го имавме кога се формираше Владата – кусо изјави Села. Законот за употреба на јазиците е во […]

Заев: Законот за јазиците треба да се донесе оваа недела

март 12, 2018

Оваа недела треба да се донесе Законот за јазиците, рече претпладнево премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на прес конференција со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ. – Знаете дека 9 месеци е отворена дебатата, и за мене прашањето за Законот за употреба на јазиците е затворено и тој треба што […]

ВМРО-ДПМНЕ до сега поднела 70 амандамни за законот за јазиците

јануари 26, 2018

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ досега поднела 70 амандмани за законот за употреба на јазиците, изјави денеска на прес-конференција координаторот на пратеничката група Влатко Ѓорчев. Тој рече дека вкупниот број на амандмани ќе зависи од одговорот на владејачкото мнозинство за нивните барања за повлекување на текстот и за дијалог. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да […]

Димовски ќе бара од Уставниот суд да го поништи Законот за јазиците

јануари 16, 2018

Пратеникот Илија Димовски денеска најави дека ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за поништување на Законот за употреба на јазиците. Тој преку својот фејсбук-профил апелераше до претседателот на државата, Ѓорге Иванов да не го потпишува указот за прогласување на законот, а до неговите колеги во Собранието да не гласаат за овој закон кога тој повторно […]

Рама: Без нас албанскиот немаше да биде официјален јазик во Македонија

јануари 14, 2018

Премиерот на Албанија, Еди Рама усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија го оцени како голем настан, кој што пред неколку години не можел ни да се замисли. За време на конференцијата на Младинскиот форум на неговата Социјалистичка партија, тој изјави дека за изгласувањето на овој закон заслужна е неговата Влада, која […]

Ако Иванов не го потпише за седум дена, законот за јазиците ќе почека уште еден месец

јануари 11, 2018

По денешното усвојување во Собранието, Законот за употреба на јазиците во следните седум дена е во рацете на претседателот на државата Ѓорге Иванов кој треба да го потпише указот за негово прогласување за да може законот да биде објавен во Службен весник и официјално да стапи на сила. Надлежностите на претседателот на државата и роковите […]

Рама и Мета го поздравија усвојувањето на Законот за употреба на јазиците

јануари 11, 2018

Државниот врв на Албанија денеска преку социјалните мрежи го поздрави усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во македонското Собрание. Албанскиот премиер, Еди Рама на „Твитер“ напиша дека усвојувањето на Законот за употреба на јазиците претставува „историско постигнување за Албанците, коj ја демократизира и зајакнува Македонија“. Miratimi nga parlamenti në Shkup i ligjit të gjuhës […]

СДСМ: Законот за јазиците е уставен, реакциите на ВМРО-ДПМНЕ се кукавички и неосновани

јануари 11, 2018

Измените на Законот за употреба на јазиците, што Собранието ги усвои денеска, се во согласност со Уставот на Република Македонија и амандманот 5, донесен пред 17 години, велат од СДСМ. Со усвоените измени, додаваат од партијата, не се загрозува уставната положба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територијата, како […]

Страна 1 од 3