fbpx

Порталб: Веб-страницата на Агенцијата за млади и спорт на албански јазик сè уште не е готова

-

Агенцијата за млади и спорт сè уште ја нема подготвено албанската верзија на веб-страницата, иако во август за Порталб.мк најавија дека кон средината на септември ќе биде готова. Заменик-директорот на Агенцијата, Авни Рустеми, иако е на чело на оваа институција една година, сè уште не успеал да ја преведе веб-страницата на Агенцијата, а освен тоа, истиот не е достапен на телефон, пишува Порталб.мк.

Од Агенцијата за млади и спорт, во август за Порталб.мк информираа дека добиле донација од ОБСЕ за новата веб-страница, која ќе биде на три јазици: албански, македонски и англиски. Според Агенцијата, тогаш почнало одбројувањето и за период од пет недели, веб-страницата би била пуштена во употреба, но кога зборуваме за тоа денес, истата уште не е пуштена во употреба, а поминаа речиси два месеци.

Претходно од Агенцијата соопштија дека имаат вработено преведувач и дека се работи на превод на документи, и дека, според нив, има многу документи за преведување.

Порталб.мк контактираше неколку пати со Агенцијата во текот на септември преку мејлови, повици и пораки со прашање зошто сè уште не е преведена веб-страницата. Истото го направивме и вчера, но одговор не добивме.

Ниту заменик директорот Авни Рустеми досега не успеа да го исполни ветувањето за веб-страницата на албански јазик, и покрај неговите јавни ветувања, а Рустеми е дури и недостапен на телефон.

Рустеми, неколку пати во јавни настапи ветуваше дека веб-страницата на агенцијата ќе биде преведена и на албански и на англиски јазик, но тоа не се случи.

Рустеми во февруари годинава се пожали на „ТВ21“ дека три месеци е кратко време да се преведе веб-страницата на албански јазик, помина речиси една година и веб-страницата и понатаму е на само еден јазик, иако опцијата за англиски постои не е функционална.

„Веб-страницата моментално е само на македонски, на англиски не функционира, нема ниту 3 месеци како сум на местото заменик директор, ако има некој што може за три месеци да ја направи веб-страницата, ве молам“, изјави Авни Рустеми на TВ21 на 10 февруари.

Тој тогаш нагласи дека новата веб-страница на Агенцијата за млади и спорт е во процес и увери дека и истата ќе биде и на албански јазик, но поминаа осум месеци од ова јавно ветување и веб-страницата на Албански јазик се уште не е готова.

Инаку, иако поминаа две години од стапувањето во сила на Законот за употреба на јазиците во Северна Македонија, а неговата имплементација во пракса е многу бавна. Во членот 23 од овој закон се вели дека „Во рок од една година од денот на влегување во сила на овој закон, сите надлежни институции се должни да донесат подзаконски акти за спроведување на Законот“. Сепак, пропусти во спроведувањето на овој закон се забележуваат во институциите, како на централно, така и на локално ниво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...