fbpx
Таг: Закон за употреба на јазиците

таг: Закон за употреба на јазиците

Ако Иванов не го потпише за седум дена, законот за јазиците ќе почека уште еден месец

По денешното усвојување во Собранието, Законот за употреба на јазиците во следните седум дена е во рацете на претседателот на државата Ѓорге Иванов кој треба да го потпише указот за негово прогласување за да може законот да биде објавен во Службен весник и официјално да стапи на сила. Надлежностите на претседателот на државата и роковите за попишување на указите за...

Рама и Мета го поздравија усвојувањето на Законот за употреба на јазиците

Државниот врв на Албанија денеска преку социјалните мрежи го поздрави усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во македонското Собрание. Албанскиот премиер, Еди Рама на „Твитер“ напиша дека усвојувањето на Законот за употреба на јазиците претставува „историско постигнување за Албанците, коj ја демократизира и зајакнува Македонија“. https://twitter.com/ediramaal/status/951439187215028224 Претседателот на Албанија, Илир Мета кој од денеска е во службена посета на Словенија, на...

СДСМ: Законот за јазиците е уставен, реакциите на ВМРО-ДПМНЕ се кукавички и неосновани

Измените на Законот за употреба на јазиците, што Собранието ги усвои денеска, се во согласност со Уставот на Република Македонија и амандманот 5, донесен пред 17 години, велат од СДСМ. Со усвоените измени, додаваат од партијата, не се загрозува уставната положба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територијата, како и во меѓународните односи, а...

Ратификацијата на Договорот со Бугарија и законите за ОТА на 15 јануари пред пратениците

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за 15 јануари ја закажа седницата на која пратениците ќе го разгледуваат предлог-законот за ратификација на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија кој го потпишаа премиерите на двете земји, Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август минатата година во Скопје. На истата седница, точки на дневен ред се и законот за новата Оперативно-техничка агенција...

Беса нема да учествува во расправата за Законот за јазиците оти била „политички театар“

Пратениците на Беса нема да учествуваат на амандманската расправа за Законот за употреба на јазиците бидејќи за нив она што се случува во Собранието е „политички театар“. - Нема да учествуваме во работата на Комисијата бидејќи сметаме дека ќе продолжи театарот и ние немаме намера да учествуваме во тој театар - изјави денеска пратеникот Фадил Зендели, пред почетокот на седницата...

„Тврдокорни“: ДПМНЕ има последна шанса да си го врати епитетот ВМРО

Членови и претставници на здруженијата „Тврдокорни“, „Семакедонски национален совет“ и „Мост - Македонски обединети сили“ вечерва одржаа мирен протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, против законот за употреба на јазиците. Горан Неделковски од „Тврдокорни“ пред седиштетот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека оваа партија ја има последната шанса да ја одбрани Македонија и да го заштити народот од законите што ги носи СДСМ. -...

Груби ја закажа седницата за законот за јазиците на Денот на албанската азбука

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, како што најави, комисиската седница на која во второ читање ќе се расправа за предлог-законот за употреба на јазиците, ја закажа за 22 ноември - Денот на албанската азбука, потврдија од Комисијата за „Мета“. Груби го најави тоа вчера, на прес-конференција во Собранието на Република Македонија, откако на продолжението на 15. собраниска...

ДОМ: Не гласавме за законот за јазиците, оти е тешко применлив и нефункционален

Од партијата ДОМ велат дека нивните две пратенички во Собранието, Лилјана Поповска и Маја Морачанин во Собранието не гласале „за“ предлог-законот за употреба на јазиците во прво читање затоа што сметаат дека законот е „тешко применлив и нефункционален“. „На денешното гласање за законот за употреба на јазиците во прво читање пратеничките од ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин, не гласаа...

Тунтев: Работиме на амандмани за да нема различни толкувања на законот за јазиците

Пратениците на Социјалдемократскиoт сојуз на Мaкедонија работат на амандмански предлози за предлог-законот за упиреба на јазииците со кои сакаат да интервенираат во законот секаде онаму каде што се отвора проблем за различни толкувања на членовите, изјави коодринаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев на прес-конференција во Собранието. - Со денешното изгласување на потребата за донесување на законот почна постапката...

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ подготвуваат амандмани за законот за јазиците

Реплицирајќи му на својот колега Владимир Ѓорчев, пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец во расправата на собраниската седница за законот за употреба на јазиците, кажа оти СДСМ подготвува амандмани за законот, за тој да биде функционален и во склад со Уставот, а слушнал дека и ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави. Локвенец посочи дека со законот за јазиците, намерата е да се затвори...

Законот за јазиците в понеделник се враќа пред пратениците

Продолжението на дебатата за законот за употреба на јазиците в понеделник ќе се најде на дневен ред на пленарна седнца во Собранието, информираше денеска на брифинг за новинарите претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери. Според него, дебатата за овој закон би требало да трае до крајот на следната недела, доколку во меѓувреме не стигне предлогот за новите членови на Владата,...

Собранието ја продолжува расправата за Законот за употреба на јазиците

Собранието денеска ќе ја продолжи 15. седница на која на дневен ред е законот за употреба на јазициите. Предлог-законот е со европско знаменце, односно треба да биде донесен по скратена постапка. Расправата по оваа точка на претходните продолженија на седницата се одвиваше во тензична атмосфера, бидејќи пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека законот е неуставен, дека е резулатат на политички...

Законот за употреба на јазиците со 9 гласа „за“ помина и во Комисијата за политички систем

Предлог-законот за употреба на јазиците денеска со 9 гласа „за“ и 6 „против“ помина во собраниската Комисија за политички систем. Пратениците на владејачкото мнозинство гласаа за законот, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа против. За опозициската ВМРО-ДПМНЕ евентуалното усвојување на овој закон ќе значи целосна двојазичност и федерализација на Република Македонија. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, рече дека овој закон е неуставен...

МАНУ бара стручна и научна расправа за Законот за употреба на јазиците

Пред усвојувањето на Законот за употребата на јазиците, треба да се отвори стручна и научна расправа за одделните прашања што ги регулира овој предлог-закон, со учество на експерти од различен профил - лингвисти (македонисти, албанолози, специјалисти од областа на ареалната лингивистика), правници и социолози. Ова е ставот на претседателството на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) по повод Законот...

Интерпелациите на Николовски, Царовска и на Димитров денеска на собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска на пленарна седница треба да ја почне расправата за интерпелациите што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги поднесоа за министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика и за надворешни работи, Љупчо Николовски, Мила Царовска и Никола Димитров. Интерпелациите се петта, шеста и седма точка на денешната 13. седница на Собранието, чиј почеток се...

СДСМ: Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот, Груевски манипулира

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ја манипулираат јавноста за да се обидат да создадат нови вештачки поделби, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека Законот за употреба на јазиците е противуставен и може да биде оспорен. Според СДСМ, „лажните вести се последната очајна стратегија на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ“. „Законот за употреба на јазиците не...

Законот за употреба на јазиците со 9 гласа „за“ помина во Комисијата за европски прашања

Законот за употреба на јазиците го помина првото читање во собраниската Комисија за европски прашања. Пратениците со девет гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ од вкупно 18 членови, го усвоиле заклучокот дека законот е прифатлив од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ и дека треба да се даде на понатамошно читање. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, побара...

Беса: Владата разочара во првите 100 дена, отсега нема простување

Новата Влада во првите 100 дена покажа дека продолжува да работи по стариот терк - на штета на граѓаните, а во интерес на сопствените политички цели. Ова е ставот кој денеска го соопшти партијата Беса по повод стоте дена од формирањето на Владата. Од партијата велат дека оваа влада, како и претходната, продолжила да ги партизира институциите на државата и...

Милошоски: Законот за употреба на јазиците е неуставен и дискриминирачки

Дебатата за Законот за употребата на јазиците на Собраниската комисија за европски прашања предизвика жесток дуел помеѓу пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Џеват Адеми од ДУИ. Милошоски смета дека предлог-законот е противуставен, дека претставува политички договор на владината коалиција и дека без аргументи се носи под знакот на европското знаменце. Според Милошоски предлог-законот е дискриминирачки кон другите етнички заедници. -...

ВМРО-ДПМНЕ бара Законот за употреба на јазиците да не се носи во скратена постапка

Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Илија Димовски, побараа да биде повлечен Законот за употреба на јазиците, кој денеска е на дневен ред на Комисијата за европски прашања во Собранието. Милошоски побара од законот да биде тргнато „европското знаменце“, бидејќи тоа се злоупотребува за да се забрза носењето закон кој е неуставен и спротивен на сите законски...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...