fbpx

Анализа: Како ќе се дели буџетскиот колач 2020 година?

-

Повеќе пари за претседателот на државата, за министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за надворешни работи, за правда, за труд и социјална политика, за образвание, за здравство, за економија, дури двојно повеќе пари за Министерството за финансии – функции на држава, предвидува Буџетот за 2020 година. Покрај министерствата, и дел од институциите, агенциите, инспекторатите ќе добијат повеќе пари во однос на годинашниот основен буџет, но за други се предвидени помали расходи отколку годинава.

Во буџетот за 2020 година се внесени и новите институции: Агенција за национална безбедност, Агенција за употреба на јазиците како и Инспекторатот за употреба на јазиците.

„Порталб.мк“ ги анализираше расходите по буџетски корисници – кој и колку ќе добие од новиот буџетски колач и накоја основа ќе се трошат парите?

Сиромаштија, реформа на администрација, инвестиции во образование…

За  11-те владини програми дефинирани во Буџетот се планирани 670 милиони евра, додека за остварување на развојниот дел на Буџетот ќе бидат одвоени 461 милиони евра.

За владината програма за децентрализација планирани се речиси 350 милиони евра, за мерките за намалување на сиромаштијата 62,2 милиони евра, за економски развој планирани се 97,7 милиони евра, износ кој доминира во расходите за владините програми. За интеграција во ЕУ во однос на годинава испланирани се речиси четири пати повеќе пари, односно 73,6 милиони евра, а за реформата на јавната администрација 9,8 милиони евра.  За унапредување на животната средина преку Владината програма се одвојуваат 5,1 милиони евра, додека пак за инвестиции во образованието, кои опфаќаат изградба и реконструкција на основни и средни училишта, изградба на училишни спортски сали, реконструкција на ученички домови и изградба и реконструкција на студентски домови, се планирани 13,3 милиони евра.

Преку развојниот дел од буџетот најмногу пари е планирано да се одвојат за:

  • Министерство за транспорт и врски – 82,4 милиони евра
  • Министерство за финансии – фукнции на државата – 66,5 милиони евра
  • Министерство за одбрана – 37,6 милиони евра
  • Министерство за здравство – 22,2 милиони евра
  • Агенција за вработување на Република Северна Македонија – 21,3 милиони евра
  • Министерство за образование и наука – 16,6 милиони евра
  • Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – 13,3 милиони евра.

Делбата на буџетскиот колач

Со основниот Буџет за 2020 година, кој не ги вклучува самофинансирачките извори, кредитите и донациите, во однос на годинашниот основен буџет, дел од министерствата и агенциите ќе добијат помалку пари. Креаторите на Буџетот за 2020 година најавија дека во новата буџетска година приоритет ќе имаат здравството, образованието и социјалната заштита преку „инвестиции во човечки капитал“.

Сепак, за дел од буџетарите се проектирани помали расходи, односно трошења. Во оваа група се: Комисијата за заштита од дискриминација, која догодина ќе троши буџет од  245.500 евра, Владата со Основниот буџет ќе има на располагање 60,2 милиони евра, Инспекцискиот совет 350.000 евра. Значајно намалување има на расходите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, и тие следната година ќе бидат 934.000 евра, за разлика од годинашните три милиони евра.  Се намалува буџетот на Заводот за статистика, која ќе изнесува 4,9 милиони евра.

Кај Министерството за транспорт има намалување во однос на годинашниот Основен буџет, па така овој ресор следната година преку Основен буџет ќе може да потроши 30,1 милион евра. Сепак, за следната година се планирани и заеми преку ова министерство во висина од 52,8 милиони евра, а дополнително од донации се планирани 11,4 милиони евра, со што вкупните расходи на Министерството за транспорт и врски за следната година се позиционирани на ниво од 94,4 милиони евра.

Со новиот Буџет планирано е позначајно зголемување на расходите на Агенцијата за употреба на јазиците, која ќе има на располагање вкупни средства од речиси 100.000 евра, за Агенцијата за национална безбедност се предвидени вкупни расходи од 7,6 милиони евра, речиси пет пати поголеми во однос на годинава, а Инспекторатот за употреба на јазиците следната година ќе има на располагање 170.000 евра, односно двојно поголем буџет од годинашниот Буџет. Вкупно 9,5 милиони евра ќе има на располагање новото Министерство за политички систем.

Според висината на вкупните расходи, предничат Министерството за финансии – функции на државата, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за одбрана, Министерството за здравство и Министерството за образование.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...