Потребни беа над 50 години Јавното претпријатие „Македонијапат“ да започне со замена на информативните табли каде соседна Албанија сè уште фигурира како Народна Република. Интервенцијата на тимот на ЈП „Македонијапат“ следеше откако пред неколку недели Порталб.мк го покрена ова горливо прашање, заедно со пропустите во употребата на албанскиот јазик на информативните табели крај патиштата, пишува Порталб.мк.

Порталб.мк на лице место ја провери промената на патните табли. Од теренската проверка забележавме дека во моментов е променета само една од четирите табли каде што Албанија е претставена како Народна Република, а во другите две табли е покриена само буквата Н (од мак. Н – Народна / Popullore), додека една од табелите и понатаму е иста.

Друг детаљ што паѓа во очи е дека на новата табла нема информации на албански јазик. Нашата редакција, со прашањата: Дали ќе бидат заменети сите табли во овој регион и зошто новата табла во Свети Наум нема информации на албански јазик? Се обрати до ЈП „Македонијапат“. Директорот на оваа институција, Беким Мемеди, кратко одговори на нашите прашања, велејќи: „Сите табели ќе бидат променети и ќе бидат поставени и на албански јазик“.

Што предвидува Законот за употреба на јазиците?

Со оглед на тоа што во Северна Македонија со Законот за употреба на јазиците, албанскиот јазик е официјален јазик, нашата редакција побара објаснување од Агенцијата за спроведување на јазиците.

Од оваа институција одговорија дека прашањето за кое станува збор е разјаснето со членот 16 став (2) од Законот за употреба на јазиците („Службен Весник на РМ” бр. 7/19) во кој се наведува:

„На граничните премини на Република Македонија и аеродромите лоцирани во регион каде што најмалку 20% од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот, имињата на институциите, другите натписи и патокази се пишуваат на македонски јазик и неговата азбука, како и како на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговата азбука“.

Инаку, на 11 јануари 2018, Собранието на Северна Македонија го изгласа Законот за употреба на јазиците на етничките заедници, со кој се унапредува официјалната употреба на албанскиот јазик во сите тела на централната власт. Законот за јазиците предвидува целосна употреба на албанскиот јазик, или како што е речено, јазикот што го зборуваат повеќе од 20 проценти од населението, за различен од македонскиот, во Владата, Собранието, судството, јавната администрација и други претпријатија и институции. За институциите кои нема да го почитуваат законот за јазици, предвидени се казни од 4.000 до 5.000 евра, додека за службеници или администратори кои не го почитуваат овој принцип, платата ќе им се намали за 30 проценти.

„Народна Р. Албанија“, и по толку децении е вознемирувачка за Албанците

За пропустот на македонските власти во Порталб.мк реагираа и од Албанскиот институт за меѓународни студии. Неменувањето на информативните табли каде Албанија и по толку години е претставена како Комунистичка Република, Лорен Коколари оценува дека во одредени моменти, по сé била игнорирана од различни влади албанската држава.

„Мора да се разбере дали небрежноста на институциите во Северна Македонија е намерна или не, за да се каже потоа дали е вознемирувачко. За овој случај се чини дека е донекаде тешко да се помисли дека сите овие години, никој не забележал таков проблем. Во одредени моменти, различни влади веројатно сакале да ја дадат својата порака преку не делување, игнорирајќи ја албанската држава. Но, од друга страна, односите меѓу двете сегашни влади се во добар моментум, така што она што можеби било намерно и вознемирувачко невнимание во минатото, веројатно еволуирало со заборав во сегашноста, што сепак ќе мора да се реши што е можно побрзо. Колку и да изгледа симболично, за повеќето Албанци Народна Република Албанија е име што носи трагични спомени и ги враќа кошмарите на диктатурата што остави уништувачки последици на многу начини. Затоа, албанската влада треба да упати формално барање за ова прашање да се реши што е можно побрзо“, велат меѓу другите од Албанскиот институт за меѓународни студии.