fbpx

СЕММ очекуваат зголемен број на жалби за време на претседателската кампања

-

Жалбите на граѓаните за телевизиската емисијата „Јади бурек“ на Јанко Илковски, пишувањата на порталите „Макетел“ и „Доказ“, беа предмет на разгледување на јавната седница на Советот на етика во медиумите во Штип. Приустните граѓани имаа прилика во живо да слушнат како се одлучува по жалбите од работата на медиумите и новинарите.

Водителот Јанко Илковски во живо во емисија навредил гледач, кој забележал дека со смената на власта и тој ја „сменил плочата“, по што веднаш бил исклучен а гледачот навредуван, по што до Советот за етика е доставена жалба. Членовите на Комисијата за разгледување на жалби едногласно одлучија дека е прекршен Кодексот на новинарите.

Двете други жалби се за еден ист текст, што се однесува на градежната компанија „Кубус“, чиј сопственик се жали до Советот. Текстот бил објавен од „Мактел“, а потоа преземен и дополнет од „Доказ“.

Комисијата констатира дека прекршени се членовите 1,13 и 15 од Кодексот на новинари, бидејќи новинарот сопствениот став го камуфлира како факт. Освен тоа, користи речник непримерен за јавниот говор.

– Трошиме време за автори кои не се новинари, и на портали кои не се медиуми – забележа Сефер Тахири, член на Комисијата за жалби на Советот на етика во медумите.

Пред почетокот на јавната седница, претседателката на Советот, Марина Тунева, рече дека според резултатите од минатогодишната анализа, прекршувањата најчесто се однесуваат на член 1 од Кодексот на новинарите.

-Тоа значи дека во текстовите и видео и радио прилозите недостасуваат повеќе гласови, односно не се опфатени сите страни во приказните, темите, се информира еднострано, по што се случуваат и грешки со објавување на лажни информации, дезинформации и пропаганда. Во 30 отсто од одлуките на Советот за етика утврдено е дека има и говор на омраза, дискриминација по различни основи, а честопати новинарите знаат да помешаат факти и мислење – изјави Тунева.

Прашана дали пред стартот на кампањата за претседателските избори 2019 година очекуваат повеќе работа, односно доставени жалби, Тунева одговори потврдно, имајќи предвид дека жалби добиваат секојдневно.

– Очекуваме дека тој тренд ќе се интензивира, бидејќи нашата пракса покажува дека тоа било случај и во текот на претходните избори. Практично, ние самите сме свесни дека изборите претставуваат еден тест за медиумите, во кој многу често се утврдувало и дека дел од нив и паѓале на тој тест, потфрлувале. Така што, нема да бидеме изненадени ако добиеме жалби, со кои ќе се утврди дека новинарите грешат – кажа Тунева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...