Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на ковид-19 од: Скопје – 3, Струмица – 2, Куманово, Велес и Кичево – по 1.

Регистрирани се 72 оздравени пациенти од: Скопје – 23, Куманово, Прилеп и Кичево– по 7, Гостивар и Охрид – по 6, Битола – 5, Тетово – 4, Радовиш – 3, Штип – 2, Струмица и Дебар – по 1.

Не се регистрирани нови починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 854.673 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.624, бројката на оздравени пациенти е 149.862, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 287.

Најголем број од активните случаи на ковид-19 се од Скопје – вкупно 106. Во моментов нема активни случаи на заболени од корона вирусот во Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево, Македонска Каменица и Дојран.