fbpx

Делегации на Владата и на претседателот ја одбележаа 20-годишнината од загинувањето на армиските припадници кај Љуботенски Бачила

-

Делегации на Владата на Република Северна Македонија и од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија положија свежо цвеќе на неколку локации по повод 20 години од загинувањето на осумте припадници на Армијата кај месноста Љуботенски Бачила.

Делегациите од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија положија цвеќе пред спомен-обележјата во Општина Ѓорче Петров и во Волково, пред спомен-обележјето во село Љубанци и во касарната „Илинден“ во Скопје.

Владините делегации, предводени од државните секретари на министерствата за одбрана и внатрешни работи Драган Николиќ и Магдалена Несторовска денеска оддадоа почит и положија цвеќе пред спомен обележјата во Општина Ѓорче Петров, Волково, Љубанци и во касарната „Илинден“.

Венци цвеќе положија и почит кон загинатите оддадоа припадници на Армијата и полицијата, претставници на локалната власт и блиски и членови на семејствата.

На 10 август 2001 година, на патот кај месноста Љуботенски Бачила, армиско товарно возило нагази на две противтенковски мини. Животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот армиски состав.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...