fbpx

Делчевец земал техничка стока на име на фирма во која не бил вработен

-

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела кривична пријава против 47-годишен жител на градот, кој е осомничен дека од локална фирма земал техничка стока на име на друга фирма во која воопшто не бил вработен, информира полицијата.

Според пријавата, делчевецот Д.М. (47) се товари за кривичното дело измама.

Како што информираат од полицијата, осомничениот, во периодот од април 2013 до јули оваа година, измамил двајца вработени во делчевската фирма „Брегал“. Тој им се претставил како вработен во фирмата „Хлоб трејд“ од Русиново и во седум случаи ги навел да му издадат разна техничка стока во вредност од 205.792 денари или околу 3.300 евра и да ја фактурираат на име на фирмата во која, наводно, работел.

Според полицијата, стоката тој воопшто не ја однел во „Хлоб трејд“, туку ја задржал за себе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се состана со ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитетот во Тетово, како и универзитетот „Мајка...