fbpx

Де Мезиер: На турската изборна кампања не ѝ е место во Германија

-

Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезиер, вчера се спротивстави на одржување кампања за турскиот референдум во Германија.

– Лично, не сум приврзаник на таквите собири. Не ги сакам. Турската изборна кампања не се води тука, во Германија – рече Де Мезиер за државното радио АРД.

Турската влада планираше многу масовни собири за да ја мотивира турската дијаспора во Европа да гласа за уставните измени на референдумот на 16 април, со кој претседателот Реџеп Таип Ердоган сака да ги прошири претседателските овластувања.

Германија ја има најголемата турска заедница надвор од Турција, со околу 1,4 милиони лица.

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, вчера рече дека ќе биде тешко да се продолжи со економската помош на Турција.

– Не сакаме заострување, сите во германската влада се сложуваат со тоа, ние само сакаме Турција да се вразуми – рече Шојбле.

Три европски држави, односно Швајцарија, Холандија и Германија, досега се спротивставија на одржување предизборни собири на кои учествуваат членови на турската власт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...