fbpx

Царовска: Пандемијата ја истакна потребата да вложуваме во образованието за да се намали сиромаштијата

-

Немањето пристап до добро образование е директно поврзано со сиромаштијата. Наш врвен приоритет е да обезбедиме еднаков пристап до учење на сите деца и да го подобриме квалитетот на целиот образовен процес преку низа реформи. Со ова директно ќе ги подобриме шансите за развој, вклучување во општеството на секое дете и негово вработување по завршувањето на образованието, ова го истакна министерката за образование и наука, Мила Царовска во видео обраќање по повод одбележувањето на 17 октомври, Меѓународниот ден за борба против сиромаштија.

Моја животна заложба е искоренувањето на сиромаштијата и со истата решителност како и досега ја продолжувам оваа битка….

Gepostet von Мила Царовска am Samstag, 17. Oktober 2020

„Пристапот до квалитетно образование е најдобрата превенција од сиромаштијата, затоа како министерка ја продолжувам мојата силна заложба за искоренување на сиромаштијата и подобрување на условите за учење во државата“ вели Царовска, повикувајќи ги сите партнери да продолжат неуморно да работат со цел да се совладаат сите предизвици.

Како што истакнува минитерката, пандемијата иако го отежнува секојдневниот живот и работењето, помогнала во неколку работи, како забрзување на дигитализацијата и реформите, но и раздвижување на целиот образовен систем.

Денеска видео порака испрати и премиерот, Зоран Заев, кој рече дека е посветен на трајно извлекување од сиромаштија на што е можно поголем број семејства.

„Сиромаштијата е една од најтешките состојби за било кое општество. Вие граѓаните најдобро знаете дека не само зборот, туку и делата за искоренување на сиромаштијата се нашиот секојдневен мотив. И не само на Светскиот ден на борбата против сиромаштијата, туку секој ден. Делата во изминативе години ги насочивме кон подигнување на животниот стадард и намалување на трошоците за граѓаните, а со тоа и стапката на сиромаштијата“ вели Заев во своето видео обраќање.

Тој истакнува дека заедно со целиот владин тим се посветени кон зачувување на работните места и кон поддршка за социјално ранливите како што се стечајците, пензионерите и невработените, потенцирајќи дека борбата со сиромаштијата е заедничка, а истата ќе ја водат се додека не обезбедат подобар живот за сите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Мал одѕив на претседателските избори во општините со мнозинство албански гласачи

Големи разлики се гледаат во одѕивот на граѓаните во некои општини на парламентарните и претседателските избори денеска. Во Изборната едница 6, но и во другите општини каде што доминира...