Во последните 24 часа изречени 541 казна за неносење заштитна маска

Фото: Арбнора Мемети

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 541 прекршок, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Мета.мк претходно извести дека само за 15 дена во октомври се изречени казни за неносење маска колку за цел јули.