fbpx

Реконструирани пумпните станици во Трпејца и Љубаништа

-

Со цел да се обезбеди поквалитетно, навремено, економично и енергетски ефикасно водоснабдување, ЈП „Водовод“ изврши реконструкција на пумпната станици во селото Трпејца (ПС „Трпејца“) и двете пумпни станици во селото Љубаништа (ПС „Љубаништа“ и ПС „Црн Дрим – Св. Наум“).

Реконструкцијата е извршена согласно стандардите за водоснабдување DIN 1988 и DIN EN 806 за транспортирање на вода од напоен до потисен резервоар, а сите делови на постројката се од материјали отпорни на корозија и со (WRAS/ KTW/ ACS) одобренија за вода за пиење.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 4.120.000 денари, а средствата се обезбедени од Агенцијата за рурален развој во соработка со Општина Охрид. Покрај поставувањето на нови пумпи, извршена е и целосна замена на електричната и водоводна инсталација во објектите.

Новите пумпни станици значително ќе придонесат за ефикасно водоснабдување на двете населени места и на угостителските и сместувачките капацитети на овој потег. Исто така, според пресметките, со замена на пумпните постројки ЈП „Водовод“ годишно ќе заштеди околу 540.000 денари за потрошена електрична енергија и значително ќе ги намали средствата за редовно одржување на истите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...