недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: водоснабдување | 29 резултати

Дефект на водоводна цевка остави дел од Скопје без вода повеќе од 12 часа

29 септември 2024

Повеќе од дванаесет часа граѓаните во скопските населби Водно, Црниче, Пржино и Козле (висока зона) се оставени без водоснабдување, по дефект на потисна цевка што ја снабдува пумпната станица Водно. Од јавното претпријатие Водовод и канализација Скопје синоќа соопштија дека дефектот настанал во 22:30 часот на улицата Тодор Александров, поради што е прекинато водоснабдувањето во […]

Комплексот кај Ректоратот на УКИМ утре без вода

27 февруари 2024

Комплексот на општествени факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје утре од 9 часот наутро ќе остане без водоснабдување. За ова информираше Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје. Од таму велат дека причината за прекинот на водоснабдување е уличен дефект ф-150 мм на булеварот „Гоце Делчев“ во близина на Правниот факултет […]

Утре од 17 часот речиси цело Скопје ќе остане без вода

10 февруари 2024

Речиси сите скопски населби утре од 17 часот ќе се соочат со намален притисок или прекин на водоснабдувањето. Ваква информација соопшти денеска јавното претпријатие Водовод и канализација. Причина за прекинот на водоснабдувањето е интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче. Од ЈП Водовод и канализација велат дека засегнати ќе бидат следниве населени места: […]

Скопското „Водовод и канализација“ до крај на 2021 должи на државата околу 3 милиона евра

23 мај 2023

Скопското Јавно претпријатие (ЈП) „Водовод и канализација Скопје“ на државата ѝ должи околу три милиона евра неплатени надоместоци за користење и испуштање одводни води за период од повеќе години, гласи еден од главните заклучоци на конечниот ревизорски извештај на „ЈП Водовод и канализација Скопје“ за 2021 година, изготвен од Државниот завод за ревизија (ДЗР). Конечниот […]

Мета факт: Добиен заем од 50 милиони евра за подобрување на водоснабдувањето

21 март 2023

Владата во својата Програма за работа за периодот од 2022 до 2024 година има ветено дека ќе се обезбеди заем од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во висина од 50 милиони евра за подобрување на водоснабдувањето во земјава. Овие средства од страна на македонската влада беа обезбедени кон крајот на 2022 година од ЕИБ, но реализацијата […]

Со 50 милиони евра, ќе се подобрува водоснабдувањето во сите општини низ земјава

23 ноември 2022

Високиот процент на загуби на вода за пиење, изведбата на водоснабдителни системи за одредени населени места, реконструкцијата на постојните водоводи и други проблеми со водоводната инфраструктура во земјава ќе можат да се решат со најновиот заем во висина од 50 милиони евра, за којшто земјава денеска го потпиша договорот со Европската инвестициска банка (ЕИБ). Средствата […]

Вистиномер: Не е точно дека новиот водовод во Тетово носи повеќе штета, отколку корист

5 јануари 2022

Во продолжение ја пренесуваме анализата на „Вистиномер“ на изјавата на тетовскиот градоначалник за новиот водовод во Тетово: Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, пред медиумите даде невистината изјава во која вели дека проектот за Лешнички водовод е катастрофален и носи повеќе штета, отколку корист. Ми приложија од ЈКП дека се осум проблематични точки на целиот […]

Порталб: Во Тетово нема вода, Општината не го реши проблемот – граѓаните подготвуваат тужби

3 август 2021

Центарот на Тетово и некои градски населби, веќе неколку денови се соочуваат со недостиг и повремени прекини на снабдување со вода. Истото го потврдија и од Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Тетово на нивната Фејсбук страница, при што велат дека работат на проблемот, но вода сé уште нема, пишува Порталб.мк. Недостигот на вода ги фрустрира граѓаните […]

МЖСПП со 9 милиони денари ќе го решава проблемот со водоснабдувањето во Крушево

8 ноември 2020

Околу 5.000 жители на градот Крушево конечно треба да ги надминат проблемите со водоснабдувањето, по реализација на инфраструктурните зафати финансирани со 9 милиони денари, средства кои што Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ги доби со ребалансот на буџетот за годинава. Со ребалансот на буџетот за 2020 година, на ова министерство му беа […]

Во Синичани ќе има вода, градоначалникот на Боговиње со благодарница на „Порталб.мк“ за професионално известување

7 ноември 2020

После бројни обиди, судски постапки, конфликти меѓу жителите на Урвиќ и Синичани, конечно жителите од Синичани успеаја да добијат вода за пиење. За ова, градоначалникот на Боговиње, Албон Џемаили, рече дека и покрај многуте полемики, ова ветување е исполнето и сега жителите од Синичани ќе имаат вода за пиење 24/7. Благодарност за ова му беше […]

Саниран дефектот поради кој половина Скопје остана без вода

20 октомври 2020

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје информира дека дефектот на булевар Кочо Рацин, спроти Олимписки базен, за чие отстранување се затвори цевка од ф1400мм, е саниран а граѓаните имаат нормализирано водоснабдување. Од таму додаваат дека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, непрекинато работеле на отстранување на овој дефект и во рекордно време го отстраниле истиот. […]

Реконструирани пумпните станици во Трпејца и Љубаништа

17 октомври 2020

Со цел да се обезбеди поквалитетно, навремено, економично и енергетски ефикасно водоснабдување, ЈП „Водовод“ изврши реконструкција на пумпната станици во селото Трпејца (ПС „Трпејца“) и двете пумпни станици во селото Љубаништа (ПС „Љубаништа“ и ПС „Црн Дрим – Св. Наум“). Реконструкцијата е извршена согласно стандардите за водоснабдување DIN 1988 и DIN EN 806 за транспортирање […]

ЈП Водовод и канализација – Скопје и Водовод Будимпешта ќе соработуваат за намалување на загубите на вода

20 септември 2020

Со грант од околу 122.000 евра добиен од Western Balkans Green Center (WBGC), ЈП Водовод и канализација – Скопје, во соработка со Водовод Будимпешта ќе го реализира проектот за „Намалување на ефектите од климатските промени, зголемување на ефикасноста на водоснабдувањето, употребата на енергија, планирање на реконструкции и обезбедување на непрекинато водоснабдување во определени зони во […]

Општини како Тетово и Неготино и во 2020 година со часови имаат рестрикции на вода за пиење (видео)

28 август 2020

Процентот на неприходувана вода во водоводните системи во земјава лани изнесувал дури 64,64 отсто од вкупното количество произведена вода за пиење. Додека во некои општини, како што е случајот со Скопје, милиони кубни метри вода се губат во дотраените водоводни цевки и диви приклучоци, одредени општини во земјава имаат недостигна питка вода и рестрикции во […]

Поплавени куќи, улици под вода и преполнети канали во Кочанско

7 август 2020

Интензивниот дожд што и натаму паѓа во Кочани и околината, предизвика излевање на одводните канали и канализацијата, по што се поплавени делови од градот и рамничарските села. Поплавени се куќи, посеви, а зафатени се и амбарите со сточна храна во селата Горни и Долни Подлог. Цели улици се под вода, поради што жителите побараа интервенција […]

Ахмеди: „Студенчица“ летово веројатно ќе има доволно вода за сите населени места

1 јули 2020

Ова лето сите општини приклучени на регионалниот водовод „Студенчица“ ќе имаат доволно вода за пиење. Досега изворот има доволни количества вода, а надлежните прогнозираат дека хидролошката состојба и натаму ќе биде поволна, дознаваме од Урим Ахмеди, директор на Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“. „Досега врнежи има доволно, нема никакви проблеми, и ниту една од општините […]

„Студенчица“ секнува, Прилеп има проблеми со водоснабдувањето

29 октомври 2019

Изворот „Студенчица“ од којшто се снабдуваат со вода општините Кичево, Пласница, Македонски Брод, Долнени, Крушево, Кривогаштани, Прилеп и ТЕЦ „Осломеј“, бележи негативни рекорди по својата дарежливост. Според информациите, издашноста паѓа и до 470 литри во секунда, што не е забележана во изминатите три децении, откако е ставен во функција и изграден овој регионален водоводен систем. […]

Гевгелија доби дополнителни 200 литри вода во секунда од новиот водоснабдителен систем

7 ноември 2018

Во Гевгелија, по повод општинскиот празник, денеска беше предаден во употреба новиот водоснабдителен систем, инвестиција во износ од 1,7 милиони евра, преку кој на гевгеличани им се обезбедуваат дополнителни количества квалитетна вода за пиење. Изградбата на системот почна во февруари 2017 година, во време кога и централната и локалната власт беше во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. […]

Високите катови во Аеродром и во Ново Лисиче без вода в недела

15 септември 2017

Почнувајќи од првите минути по полноќ, в недела ќе биде во прекин дотекот на вода за високата зона во населбите Аеродром и Ново Лисиче, извести Град Скопје. Прекинот е поради зафат на водоводните цевки кај кружниот тек на булеварот Србија и на улицата Христо Татарчев. Водоснабдувањето ќе се нормализира дури по завршување на зафатот, а […]

„ЕУ за тебе“ утре во Гевгелија

14 февруари 2017

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, утре во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“ ќе ја посети Гевгелија каде што ќе се сретне со градоначалникот Иван Франгов и ќе присуствува на промоција на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во општина Гевгелија“. Кампањата „ЕУ за тебе” има за цел да ја подигне свеста и да ја информира јавноста […]

Страна 1 од 2