fbpx

Чоколади ги скараа Белград и Загреб

-

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по повод извинувањето на претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, поради делењето чоколади произведени во Србија на децата во Дубровник, изјави дека е среќен и горд што такво нешто, односно такво извинување, не дошло ниту од него, ниту од претседателот на државата, Томислав Николиќ, ниту од кој било друг во Србија.

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, во средата неделава се извини затоа што на децата во Дубровник им поделила чоколади произведени во Србија, наведувајќи дека и самата била „непријатно изненадена“ и дека „спорните“ чоколади ќе ги „замени со хрватски производи“.

„Кај нас хрватската стока нормално доаѓа и поминува на пазарот, немаме проблеми со тоа. Со нашата стока случајот не е таков…“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека изјавите на хрватската претседателка многу зборуваат за проблемите и за атмосферата во таа земја, но тоа не треба да биде пречка да продолжи градењето на добри односи.

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, изјави дека извинувањето на претседателката на Хрватска поради чоколадите од Србија е „јасен знак дека оваа држава не сака добри односи со Србија“.

„Паѓаат во вода сите приказни за пријателство и дури сега можеме да очекуваме непријатности од Хрватска, ако проблем им се чоколадите“, изјави Николиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...