fbpx

Четири лица загинаа во несреќа во најголемиот забавен парк во Австралија

-

Четири лица загинаа во несреќа што се случила во забавниот парк „Дримворлд“ во Австралија, кој е најголем во земјата, соопшти австралиската полиција.

Миша Петерсон, портпаролката на популарниот парк „Дримворлд“ во градот Голд Коуст на Источниот Брег, изјави дека двајца мажи и две жени загинале за време на брзото возење по водниот канал во паркот кој има повеќе од 40 атракции.

Засега нема информација за тоа како дошло до несреќата.

На снимките од воздух се гледа итна помош во делот на паркот во кој се наоѓа „Тандер ривер рапидс“ (Thunder River Rapids), водениот канал во кој гостите со голема брзина се возат во кружни сплавови.

Паркот е затворен веднаш по несреќата.

„Дримворлд“ е најголемиот забавен парк во Австралија, а отворен е во 1986 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...